Education Blog
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home АКТУЕЛНО

ЗЕЛЕН ПОИМНИК: Од екологија кон политичка екологија – природната и социјалната сфера како нераздвојна целина

28/05/2022
in АКТУЕЛНО, АНАЛИЗИ, ЕДУКАЦИЈА, ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
ЗЕЛЕН ПОИМНИК: Од екологија кон политичка екологија – природната и социјалната сфера како нераздвојна целина
Share on FacebookShare on Twitter

Политичките еколози тврдат дека во праксата, природната и социјалната сфера се нераздвојни. Природата и општеството непрекинато се испреплетуваат низ процесот на коеволуција. Политичката екологија се развила како пристап, кој на еден нов сеопфатен и исправен начин, може да се занимава со сложените општествено-природни феномени.

Еколошкиот начин на размислување, историски гледано, бил познат уште од античките времиња, а се појавил како резултат од потребата за обезбедување на храна, како и поради конкуренцијата која постоела помеѓу човекот и останатите живи суштества.

 

Еколошките проблеми станале предмет на истражување и решавање во оној момент, кога нарушената еколошка рамнотежа, не ја засегала само работничката, туку и буржоаската класа во тогашните општества.

Со нужноста за решавање на горливите еколошки прашања, на интердисциплинарен начин, се појавила една од поновите научни дисциплини, наречена политичка екологија.

ОД ЕКОЛОГИЈА ДО ПОЛИТИЧКА ЕКОЛОГИЈА

Екологијата како наука во вистинска смисла на зборот, се појавува релативно доцна, дури во втората половина на XIX век , а сериозно се развива во педесеттите години од минатиот век, во услови кога економската активност на човекот  почнува трајно да ја деградира  животната средина, со што ги менува условите на својот развиток или го загрозува сопствениот опстанок.

Меѓусебните односи на живите суштества, но и односите на живите суштества со својата животна средина, се предмет на проучување на екологијата како научна дисциплина.

Еколошките проблеми станале предмет на истражување и решавање во оној момент, кога нарушената еколошка рамнотежа, не ја засегала само работничката, туку и буржоаската класа во тогашните општества.

Развитокот на екологијата, бил тесно поврзан и со сознанието дека економскиот просперитет доаѓа во судир со општествениот прогрес, поради  нарушувањето на природната рамнотежа, со прекумерното  покорување на природата  и  безумното  искористување на природните ресурси.

Еко-протести во Денвер, 1970, извор: Rocky Mountains News

Во услови кога за овие егзистенцијални проблеми за опстанок на целата природа не можело да се најде решение преку конвенционалните политички институции, започнале со активност еколошките движења. На тој начин било поттикнувано подигнувањето на еколошката свест во доменот на пошироката јавност, но и во разнородните сфери на научните дисциплини.

Со нужноста за решавање на горливите еколошки прашања, на интердисциплинарен начин, се појавила една од поновите научни дисциплини, наречена политичка екологија.

ПОЛИТИЧКА ЕКОЛОГИЈА – ИДЕОЛОГИЈА ЗА ЕКОЛОШКИ ОДРЖЛИВ ОПШТЕСТВЕН РАЗВОЈ

Политичката екологија е производ на геграфијата, екологијата и развојните студии, но исто така, таа е поврзана со академизмот на разновидните научни дисциплини како што се: филозофија, социологија, политчки науки, економија, биологија и екологија, но и зелениот активизам во една сеопфатна целина .Подоцна, таа им го привлекува вниманието на областите како што се: антропологијата и технолошките студии, феминизмот и јавното здравје.

Политичките еколози тврдат дека во праксата, природната и социјалната сфера се нераздвојни . Природата и општеството непрекинато се испреплетуваат низ процесот на коеволуција. Политичката екологија се развила како пристап, кој на еден нов сеопфатен и исправен начин, може да се занимава со сложените општествено-природни феномени.

Многумина ја нарекуваат трансдисиплинарна, наддисциплинарна  или дури и неопределена, поради вградените теории, методологии и пракси од различни извори на знаења. Сепак, таа станува силна, развивајќи се постојано.

Постојат две тврдења кои претставуваат главни столбови, на кои почива политичката екологија. Првото од нив, се однесува на деградацијата на природните ресурси, која не е резултат на општото зголемување на бројот на населението, туку на неразумното користење на ресурсите за прекумерно производство и потрошувачка на производите (некому тоа му носи корист, а  некому опасност по животот и опстанокот).

Зелената економија е свртена кон постигнување еднаквост и социјална правда.

Според  второто тврдење, ништо во природата не е едноставно пиродно. Иако политичката екологија се потпира на силното еколошко размислување, таа исто така препознава дека она што го знаеме за природата, и претставата која ја имаме за неа е резултат на историската асиметрија на моќта, односно знаењето.

Политичка екологија, (позната како Зелена политика или Екополитика) е политичка идеологија, која има за цел да поттикне еколошки одржливо општество, длабоко вкоренето, во амбиент на ненасилство, социјална и еколошка правда, почитување на човековото достоинство и човековите права, слобода, демократија, еднаквост,  владеење на правото,недискриминација, антинационализам, економска, социјална и еколошка благосостојба.

Под влијание на оваа идеологија,  во западниот свет во седумдесеттите години од минатиот век, се формирале политички партии кои ја практикуваат зелената политика. Оттогаш наваму, тие се развиваат и постигнуваат определени успеси во изборните процеси и на политичката сцена.

подготви: Наташа Малинка Миновска

 

Линкови:

https://www.bib.irb.hr/101938

http://evropskiuniverzitet-brcko.com/02-ID/023-Mon/Uvod-u-ekologiju.pdf

https://dictionaryofgeography.blogspot.com/2017/01/political-ecology.html

https://link.springer.com/referenceworkentry/10.1007/978-1-4020-9160-5_119

http://media.fpn.bg.ac.rs/socijalna_i_politicka_ekologija/

http://ipe.hr/zelena-akademija/

https://www.scribd.com/document/438027937/Zelena-Politika

 

CIVICA
govor
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW