ЦИВИЛ одржа дебата на тема зелени вредности, социјална правда, антинационализам и промовирање на мултикултурализмот, со кандидатите за градоначалници за општина Штип, Сашко Николов од СДСМ и Симон Поликарп од Интегра.
За учество на дебатата беа поканети и другите кандидати за градоначалници, но не се одѕваа на поканата.
Дебатата е дел од проектот „Зелено општество за сите“, кој ЦИВИЛ го спроведува со поддршка од Фондацијата Хајнрих Бел.
Дијана Тахири
Камера: Дехран Муратов
Монтажа: Ариан Мехмети