ЦИВИЛ направи поединечни интревјуа со кандидатите за градоначалник на општина Аеродром, кандидатот на СДСМ, Александар Филиповски и кандидатката на ДОМ и ЛДП, Бијлана Аврамоска Ѓореска. Останатите кандидати не прифатија да учествуваат ниту на дебата ниту на поединечни интервјуа.
Кандидатите за градоначалник зборуваат за зелените вредности, антинационализмот и социјалната правда.
Дали, како и за кои зелени вредности ќе се залагаат? Кои се најголеми предизвици за зелената агенда во нивната општина? Дали имаат зелена стратегија? Дали се залагаат и на кој начин, за зелени работни места, одржлива енергија, менаџмент на отпадот и зелена едукација на локално ниво?
На кој начин ќе се спротивставуват на национализмот и како ќе се залагаат за почитување на мултикултурализмот и почитувањето на различностите?
Како ќе спроведат правична застапеност во институциите, практики за заштита од дискриминација во институциите, училиштата и во јавниот простор?
Кои се заложбите во сферата на социјалната правда?, се дел од прашањата на кои одговараат кандидатите за градоначалник.
Дебатата е дел од проектот „Зелено општество за сите“ кој го спроведува организациската единица ЗЕЛЕН ЦИВИЛ, во партнерство со Фондацијата Хајнрих Бел.
Со проектот „Зелено општество за сите“, ЦИВИЛ ја продолжува промоцијата на идеите за меѓусебната поврзаност на зелените вредности, антинационализмот и социјалната правда, особено во контекст на креирање локални политики и практики со вистинска грижа за интересите на граѓанките и граѓаните на локално ниво.
Преземањето на содржините е добредојдено, според лиценцата Creative Commons 4.0.
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети