Со новата сончева централа кај светиниколско Горубинци, ќе се избегне емисија од околу 1000 kgCO2/годишно

Почна изградбата на нова сончева централа во светниколското село Горубинци. Компанијата МГИ Енергетика ДОО инвестира околу еден милион евра. Номиналната моќност на инсталираните 2.196 фото-напонски панели од кристален силикон е еден мегават.

Градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски вели дека Општина Свети Николе е посветен партнер на бизнис заедницата вклучувајќи го енергетскиот сектор. Како спроведувач на владината стратегија за зголемување на енергетскиот капацитет од обновливи извори. Посочи дека општината ги овозможува најдобрите услови и ги става своите капацитети на располагање за бизнис секторот да врши инвестирање во таа област.

Монтажната конструкција дополнително е опремена со подвижен елемент, кој со помош на сензор ќе го следи движењето на сонцето, а со тоа и фотонапонските панели во секој момент ќе бидат свртени кон сонцето, што дополнително ја зголемува енергетската ефикасност и добиеното произведено количество на електрична енергија. При тоа, годишно очекувано производство на електрична енергија е 2000 kWh или 2000 MWh, што одговара на избегнување на емисија од околу 1000 kgCO2/годишно, т.е согорување на 600 килограми јаглен.

This post is also available in: English

Green CIVIL

FREE
VIEW