Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home АКТУЕЛНО

Зелен поимник: Како до зелени работни места?

28/05/2022
in АКТУЕЛНО, ЕДУКАЦИЈА, ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
Зелен поимник: Како до зелени работни места?
Share on FacebookShare on Twitter

Во последните години, како одраз на напорите за зазеленување на економиите, се прават обиди за креирање на што поголем број на зелени работни места. Нивниот концепт е реалност и иднина.

подготви: НАТАША МАЛИНКА МИНОВСКА

Брзите и континуирани промени на условите за живот на нашата планета, поттикнати од човековата активност, кои резултираат со сериозна климатска и еколошка криза, сè повеќе ја наметнуваат потребата од изнаоѓање на оптимални решенија за справување со предизвиците.

 

Научниците предупредуваат за  опасностите од непреземањето мерки за запирање, ублажување и санација на тие процеси. Економистите пак, од своја страна,  посочуваат дека со одложувањето на преземање акција, се зголемуваат и трошоците поврзани со неа.

Енергетската ефикасност, обновливите извори на енергија, градежништвото, земјоделството, третманот на отпадот и зачувувањето на ресурсите, се само дел од областите што се фаворизираат како решенија за надминување на еколошките и климатските кризи.

Во последните години, како одраз на напорите за зазеленување на економиите, се прават обиди за креирање на што поголем број на зелени работни места. Нивниот концепт е реалност и иднина.

Зелени работни места се сите оние, чиј процес на работа е насочен  кон намалување на штетното влијание на човекот врз животната средина, како и кон контролата на климатските промени. За зелено се смета секое работно место кое гарантира дека процесите  кои се во доменот на неговите активности, нема да продуцираат негативни влијанија врз животната средина.

Technology in the hands

Зелените работни места се веќе препознаени како вредност во зачувувањето, обновувањето и унапредувањето на животната средина, во соодветната  употреба на ресурси, во намалувањето на отпадот и управувањето со него, намалувањето на стакленичките емисии на гасови кое е во функција на намалување на аерозагадувањето и  последиците од климатските промени, во заштитата и обновата на екосистемите, заштедата на енергија и суровини, промовирањето на обновлива енергија, во зголемувањето на  енергетска ефикасност.

Се чини дека креирањето на зелените работни места е навистина  остварливо во сите дејности, почнивајќи од истражувчките до производствените, дистрибуцијата  и одржувањето, понатаму,  во услужните дејности, како што се угостителството, туризмот  и транспортот.

Тоа особено е изразено во новите дејности  поврзани со високата технологија и обновливата енергија, во традиционалните индустрии како што се производство на стоки, во градежништвото, земјоделството и рибарството.

Зелената економија е свртена кон постигнување еднаквост и социјална правда.

Во областа на образованието се отвораат нови можности. Секој може да го примени стекнатото знаење во врска со заштита на човековата околина,  во текот на својата кариера во рамките на професионалната дејност.

Развојот на моделите на одржливо производство и потрошувачка овозможува создавање на сосема нови работни места или претворање на постојните во висококвалитетни зелени работни места.

Тие можат да  бидат продуктивни, а истовремено да обезбедуваат солиден приход за работникот, социјална еднаквост и безбедност на работното место, социјална заштита за семејствата, личен развој и општествена интеграција, простор за слободно изразување на своите грижи поврзани со работата, како и еднакви можности и третман на сите вработени мажи и жени.

Поаѓајќи од премисата дека секој човек има право на живот, здрава  животна средина и благосостојба, се доаѓа до заклучок дека зелените работни места стануваат се поголема неопходност.

Улогата на државата во водењето на климатската криза, креирањето на јавни политики и отворањето на зелени работни места е клучна.

—

 

Линкови:

https://ekobalans.mk/

https://zelenaberza.com.mk/mladite-da-se-educziraat-za-zeleni-rabotni-mesta-kadri-nedostasuvaat-vo-site-industrii/

https://otgovori.info/kakvo-sa-zelenite-rabotni-mesta/

https://toniristov.wordpress.com/2015/12/01/zeleni-rabotni-mesta/

https://okno.mk/node/89239

https://mingor.gov.hr/UserDocsImages//NASLOVNE%20FOTOGRAFIJE%20I%20KORI%C5%A0TENI%20LOGOTIPOVI/doc//zelena_radna_mjesta.pdf

https://www.renovablesverdes.com/hr/zeleni-posao/

https://www.greens-efa.eu/legacy/fileadmin/dam/Documents/Publications/GND/Green_jobs_CR.pdf

https://www.davor-skrlec.eu/tag/zelena-radna-mjesta/

http://biologija.com.hr/modules/AMS/article.php?storyid=9588

CIVICA
govor
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW