Зелен поимник: УНЕСКО и неговото значење за светската зелена агенда

На 17-та сесија на Генералната конференција на УНЕСКО (1972 година во Париз), е донесена Конвенцијата за заштита на светското природно и културно наследство.  Во неа за прв пат се промовираат поимите светско природно и културно наследство, природните и културни добра како универзални вредности, кои подлежат на посебен режим на заштита и чување.

подготви: НАТАША МАЛИНКА МИНОВСКА

Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации (UNESCO-United Nations Educational, Scientific and Cultural Organization) е една од седумнаесетте специјализирани, автономни организации во системот на Обединетите нации. Формирана е на 16 ноември 1945 година во Лондон. Денес, таа брои 195 држави-членки и уште 9 придружни членки. Седиштето на УНЕСКО е во Париз, а активностите на Организацијата се одвиваат во околу 70 канцеларии, односно институти и центри на УНЕСКО, низ целиот свет.

 

Според Статутот, главната цел на УНЕСКО е  зачувување на глобалниот мир и безбедност, со промовирање на соработка помеѓу нациите низ образованието, науката, културата и комуникациите/информациите. Идејата e, продлабочување на универзалната свест за почитување на правдата, владеењето на законот и човековите права, заедно со основните човекови слободи, во согласност со Повелбата на Обединетите нации.

УНЕСКО ги остварува своите цели преку пет главни програми: образование, природни науки, општествени и хуманистички науки, култура и комуникации/информации.

Проектите кои се финансиски поддржани од УНЕСКО вклучуваат: писменост, технички и образовни програми, меѓународни научни програми, промоција на независни медиуми и слобода на печатот, проекти за регионална и културна историја, промоција на културна разновидност, преводи на светската литература на други јазици, договори за меѓународна соработка за заштита на светското културно-историско наследство (светското наследство) и заштита на човековите права, но, исто така и обид за  намалување на  јазот помеѓу развиениот и неразвиениот свет.

Photo by NY Metro Parents

Другите приоритети на организацијата, вклучуваат постигнување на квалитетно и доживотно образование за сите, со фокус на растечките етички и социјални предизвици, поттикнување на културната разновидност, развој на културата за мир, како и градење на меѓународно општество на знаење, преку информации и комуникации.

Како резултат на свесноста за колективната одговорност на сите држави во светот, за деградацијата на природната и изградената средина, на 17-та сесија на Генералната конференција на УНЕСКО (1972 година во Париз), е донесена Конвенцијата за заштита на светското природно и културно наследство. Во неа за прв пат се промовираат поимите светско природно и културно наследство, природните и културни добра како универзални вредности, кои подлежат на посебен режим на заштита и чување.

Со тоа отпочнува  нова тенденција во меѓународната соработка за зачувување на особено вредни, природни и монументални локалитети, како уникатно наследство на човештвото.

За таа цел е утврдена правна, административна и финансиска рамка за соработка. Секоја од државите потписнички на Конвенцијата ја прифаќа сопствената одговорност за заштита на добрата на нејзина територија, а меѓународната заедница ја прифаќа обврската да и помогне во тоа.

Конвенцијата не им конкурира на националните програми за заштита на природните и културните богатства, туку само ги дополнува. На истата седница, како дополнување на Конвенцијата е усвоена и Препораката за заштита на природното и културното наследство, на национално ниво.

За да добие статус на кандидат (доколку се работи за природно богатство на пример), секој предложен локалитет, мора да исполнува барем еден од условите да биде вонреден пример за: еволутивната фаза на Земјата, значајните геолошки процеси, биолошката еволуција и човековата интеракција со природната средина, загрозени животински и растителни видови…

Списокот на светско наследство ги содржи оние локации, за кои е утврдено дека се во непосредна опасност и дека е потребна меѓународна помош за нивно зачувување. До август 2016 година, 1.052 локации за светско наследство се запишани на листата (814 културни, 203 природни и 35 мешани во 165 земји -членки).

 

Линкови:

https://en.unesco.org/

https://wedocs.unep.org/bitstream/handle/20.500.11822/29013/UNESCO.pdf?sequence=1&isAllowed=y

https://bs.atomiyme.com/unesco-sto-je-to-mi-objasniti-pristupacnim-jezikom/

https://mk.m.wikipedia.org/wiki/

https://www.zzps.rs/wp/unesko-svetska-bastina/?script=lat

https://znacenje.com/sta-je-unesco/

https://hr.izzi.digital/DOS/1100/3080.html

https://croatialink.com/wiki/unesco_-_organizacija_ujedinjenih_naroda_za_obrazovanje,_znanost_i_kulturu

 

Green CIVIL

FREE
VIEW