Education Blog
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ

Демонстрантите во Глазгов го обвинија COP26 за „гринвошинг“

04/11/2021
in ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
Демонстрантите во Глазгов го обвинија COP26 за „гринвошинг“
Share on FacebookShare on Twitter

Стотици еколошки активисти денеска на улиците на Глазгов во ритам на тапани предупредија на „гринвошинг“ (greenwashing), односно манипулации на конференцијата COP26, особено кога станува збор за заштита на шумите и јаглеродна неутралност на компаниите.

Демонстрантите, симболично облечени во зелено и опремени со кујнски прибор, оценуваат дека помпезните најави кои можеа да се слушнат на конференцијата на ОН за климата, која ќе трае до 12 ноември во овој шкотски град, често се сведуваат на завеса од зелен чад.

Одговарајќи на повикот на движењето Quelling Rebellion, тие носеа транспаренти со барање „Дела!“ и „Крај на фосилните енергии“.

– Мора да ги осудиме компаниите и владите кои тврдат дека прават нешто – имаат зелена програма – но (…) тие всушност го прават спротивното и ја уништуваат планетата со финансирање на уништувањето на шумите и екстракција на фосилни горива, предупреди Ричард Бакстер наставник (60).

Со шише средство за чистење во едната рака и четка во другата рака, Меи Мур, 45-годишна домаќинка која живее во Лондон, смета дека лидерите треба да им пристапат на климатските промени „толку сериозно како што направија со Ковид: „Тие треба да дејствувајте брзо бидејќи ни останува малку време за потребните промени“.

Земјите кои пред себе ја имаат целта да го ограничат глобалното затоплување на температура од +1,5 степени Целзиусови се под притисок да направат повеќе за да ги забават климатските промени и да го заштитат населението од катастрофи кои веќе стануваат реалност. COP26 се смета за клучен во овој поглед.

По дводневниот самит на шефови на држави и влади и најавите за борба против уништувањето на шумите и намалување на емисиите на метан, се мобилизираше и приватниот сектор. Стотици финансиски субјекти сега ветија дека ќе станат јаглеродно неутрални.

Активистката Лу Ромен (27) смета дека решението лежи во прогласувањето за „екоцид“ во случај на „масовно уништување на екосистемот“.

– Обврските постојат дваесет години, рече таа додавајќи дека сега е потребна вистинска акција.

CIVICA
govor
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW