Нуредини од „COP26“: Чистата енергија е клучот за намалени климатски промени и поздрава иднина

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, се обрати на енергетскиот ден од програмата на претседавачот со „COP26“, Обединетото Кралство, посветен на Алијансата за напуштање на јагленот (Power Post Coal Alliance) чија членка е и Република Северна Македонија.

Презентирајќи ги националните амбиции трасирани во Ревидираниот национален придонес кон Договорот од Париз, министерот Нуредини рече дека имајќи предвид оти нашата амбиција во НДЦ-то поделена по сектори е еднаква на намалување од 66 отсто од емиисите во енергетскиот сектор до 2030 година, се чини дека климатскиот предизвик во голема мера, во суштина е предизвик за чиста енергија.

Министерот Нуредини, ги презентираше напорите земјава да го диверзифицира енергетскиот микс со инвестирање во обновливи извори на енергија, меѓутоа ја истакна и потребата за  поддршка од развиените земји во рамките на вакви партнерства за остварување на успешна и праведна транзиција на земјите како нашата.

На Климатскиот самит на ОН „COP26“ во Глазгов, најавени се 27 нови членки на Алијансата за напуштање на јагнот (PPCA), со што вкупното членство на PPCA се зголеми на 164 земји, градови, региони и бизниси кои преземаат решителни активности за да ги исполнат своите домашните обврски за постепено укинување и соработка за да се забрза глобалната транзиција од јаглен кон чиста енергија.

Во Алијансата се приклучуваат и 11 финансиски институции, со што вкупниот број е 33 финансиски членки со средства над 17 трилиони американски долари, а ангажманот на PPCA со земјите зависни од јаглен дополнително се зајакнува преку дополнителни членки на локалната влада и комуналните претпријатија, како и ново партнерство со Климатските инвестициски фондови.

This post is also available in: AlbanianEnglish

Green CIVIL

FREE
VIEW