Писарев: Да не се донесуваат закони на кои граѓаните ќе се смеjат

Александар Николиќ Писарев на завршната конференција „Зелено општество за сите“, во организација  на ЦИВИЛ, во соработка со Фондацијата Хајнрих Бел, зборува за табу темите во новинарството, во кариерата пишувал за многу афери, лажни докторати, затварање на Фени, и дека на никој новинар во тоа време не му фалело влакно од глава. Денеска не можете да напишете за потекло на имотот.

„Да не се донесуваат закони на кои граѓаните ќе се смеат, забрането е да носиме најлон ќеси од продавница, а продуктите се спакувани во пластични ќеси.

Законот за заштитата на животна средина се менува на 7 месеци, за да не мора одредени лица да се прилагодуваат на нив, туку тие прописи се прилагодуваат на потребите на овие лица.

Во министерството за животна средина имаат работа само по 2 часа, примаат плата, а не работат. Вработен во мнистерство за земјоделие не разликува зајак од мачка, а води сектор“, истакна Николиќ Писарев.

Green CIVIL

FREE
VIEW