Смаиловиќ: Зелената агенда е смела, храбра агенда

Мерсиха Смаиловиќ од Легис, активистка за човекови права на годишната конференција на ЦИВИЛ „Зелено општество за сите“. ( 28 октомври 2021, Скопје)

„Вчера видовме како се слави победата на национализмот, ксенофобијата откако се откажа изградбата на прифатниот центар за странци во Бардовци. Зелената агенда е смела агенда, храбра агенда. Пандемијата создаде чувство на нееднаквост, дискриминација… За време на локалните избори гледаме само партиски пропаганди за еднаквост, соживот, мултикултурализам… Меѓутоа, граѓаните не сакаат популизам туку вистински соживот и еднаквост за сите. Ксенофобијата е јасна дискриминација.

Бомбастичните наслови во медиумите за доаѓањето на Авганистанците, направи сместувањето на бегалците од Авганистан во хотелите да се претвори во притвор. Бегалците ги чува полицијата. Ако едно човеково право еднаш некој го прекрши и никој не реагира за тоа, тогаш ќе продолжи да се кршат човековите права… Зелена агенда не се зелени балони или зелени беџови, туку напротив тоа е почитување на човековите права и слободи…“, истакна меѓу другото Смаиловиќ.

Камера: Атанас Петровски

Монтажа: Ариан Мехмети

Green CIVIL

FREE
VIEW