Филип Стојановски, Метаморфозис на завршната конференција „Зелено општество за сите“, во организација на ЦИВИЛ, во соработка со Фондацијата Хајнрих Бел, се произнесе за улогата на медиумите во градењето на иднината, која ако не биде зелена, нема да ја има.
„Медиумите, освен улога на информирање, треба да има и забавни и содржини за едукација, за жал многу малку медиуми се бават со едукација.
Се соочуваме со национализмот, во ситуација кога се соочуваме со глобални проблеми, има негативно влијание, ја негира идејата за заедничко општество.
Немаме многу примери на медиумски иницијативи, поврзани со зелената агенда, за унапредување и заштита на животната средина, напротив, природата се уништува.
За проблемите на зелената агенда од страна на медиумите најчесто се молчи, или спорадично се известува.
Медиумите на Метаморфозис, Мета.мк и Порталб.мк, подолго време работат на вклучување на младите, да делуваат на теми кои што им се важни, да ја продолжат борбата и да ја спасат планетата.
Известувањето за новооткриени депонии со токсичен отпад „Линдан“, дури и на места каде што децата одат на излет, придонесе да се оградат тие места и властите да преземат мерки.
Медиумите се соочуваат со недоверба кај граѓаните, со зголемување на довербата ќе се доведе до јакнење на демократијата“, рече Стојановски.
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети