Проблемот со загадувањето на воздухот не е присутен само во главниот град, туку и во Куманово, Битола, Тетово и други градови, вели министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини на денешната прес-конференција. Прашан дали има подобрување во квалитетот на воздухот и ако има на што тоа се должи, министерот истакна дека се направени промени во планот за менаџирање на загадување на воздухот.
– Направивме промени и измени во државните институции, како што е греењето во болницата во Чаир. Таму греењето беше на нееколошки начин, а сега објектот се загрева на гас. Многу од загадувачите се објекти, куќи за домување, но за жал тука се и државните објекти кои загадуваат со затоплувањето, вели тој.
Преку помошта од Министерството за финансии и Министерството за транспорт, министерот Нуредини истакна дека државата снабдила секундарна и терцијална мрежа за загревање на куќите и индустриските објекти. Поради пандемијата, тој додаде дека во моментов се соочуваат со временски пречки и се надева дека следниот месец ќе започне со реализација.