МВР ги премести припадниците на еврејската група „Лев Тахор“ од Куманово во Скопје поради нивна безбедност

Со полициска придружба припаднците на еврејската верска група „Лев Тахор“ синоќа беа преместени од Куманово во Скопје поради загрозување на нивната безбедност.

– Потсетуваме дека овие лица ги почитуваат законите на Република Северна Македонија, се целосно со легален престој тука, и привремено престојуваат во нашата држава. Наведената група не претставува никаква опасност и апелираме на толеранција и солидарност кон истите, порачаа од МВР.

Самет Шабани од „Хоризон цивитас“ – Здружение за граѓански активизам и поттикнување на општествена одговорност, за Утрински брифинг вели дека тоа што се случи во последните три дена со Заедницата на верници од еврејска припадност „Лев Тахор“, е класична рефлексија на тоа како реагираме на она што е различно од нас.

-Треба да бидеме внимателни на тоа на што поточно се спротивставуваме. Ако линијата на спротивставување е во насока на тоа дека која било друга група верници или кој било друг поединец во општеството поттикнува психичко или физичко насилство тогаш е момент кога треба да се спротивставиме, вели Шабани.

Тој додава дека ако доменот на спротивставување е во насока на тоа дека групата се облекува различно од другите, или начинот на облекување е различно од т.н. норма во општествата, всушност докажува дека не сме доволно зрели да прифаќаме нешто различно од нас.

„Лев Тахор“ на 05 февруари пристигнаа во Куманово. Тие предизвикаа реакции дури и во куќите каде беа сместени, односно биле гаѓани со јајца и камења. Припадниците на оваа група изјавија дека ќе заминат, бидејќи не се чувствуваат безбедни.

„Лев Тахор“ е еврејска религиозна група основана во 1988 која во моментот се состои од 250 членови. Честото селење е типично за групата, па така освен во Северна Македонија и Босна и Херцеговина, одреден период престојувале во САД, Канада, Израел и Романија.

Green CIVIL

FREE
VIEW