Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home АКТУЕЛНО

Скопје и Софија потпишаа програма за заеднички активности за 2022 – 2023 година во областа на животната средина

11/03/2022
in АКТУЕЛНО, ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
Скопје и Софија потпишаа програма за заеднички активности за 2022 – 2023 година во областа на животната средина
Share on FacebookShare on Twitter

Бугарија е подготвена да го сподели со македонската страна искуството во транспонирањето и спроведувањето на европското законодавство во областа на животната средина, било потврдено на вториот состанок на меѓувладината работна група со Бугарија „Европска соработка – зелена транзиција и дигитална трансформација, владеење на правото“ што се одржа вчера во бугарското Министерство за животна средина и води, јавува МИА.

Од бугарска страна на состанокот учествуваа Борислав Сандов – вицепремиер за климатски политики и министер за животна средина и води, Калина Константинова – вицепремиер за ефективно владеење, како и Божидар Бојанов – министер за е-влада и Борислав Ганчев – заменик министер за Правда. Во име на Северна Македонија, на состанок беа Бојан Маричиќ – вицепремиер за европски прашања, Славица Грковска – вицепремиер за политики за добро владеење, Насер Нуредини – министер за животна средина и просторно планирање и Адмирим Алити – министер за информатичко општество и администрација.

Бугарскиот вицепремиер Сандов поздравувајќи ја македонската делегација порача дека двете страни го продолжуваат дијалогот заснован на принципот на добрососедски односи, што е гаранција за развој на соработката меѓу нашите земји. За прашањата за животната средина, тој рече дека современото општество е особено чувствително на квалитетот на животот, што бара ефективна примена на високи еколошки стандарди и здрава животна средина.

-На овој начин ќе гарантираме просперитет и консолидација на европската перспектива во нашиот регион. Затоа, ја потврдувам подготвеноста на Бугарија да сподели искуство во транспонирањето и спроведувањето на европското законодавство во областа на животната средина. Подготвени сме да ја дадеме нашата експертиза во претпристапниот процес на Република Северна Македонија во ЕУ, а особено во поглавјето „Животна средина“, рече бугарскиот вицепремиер Сандов.

Вицепремиерот Маричиќ, пак, се заблагодари за добрата соработка и рече дека оваа средба е доказ дека во услови на криза можеме да работиме заедно. -Темите на работната средба ни се многу важни и јас сум оптимист за успехот на нашата заедничка работа, истакна Маричиќ.

Вицепремиерката Калина Константинова и вицепремиерката на Северна Македонија Славица Грковска разговараа за теми од соработката меѓу двете земји во насока на подобро владеење. Министерот Бојанов и неговиот македонски колега, министерот Адмирим Алити разговараа за можностите за соработка во областа на кибер безбедноста и дигиталната трансформација.

Со заменик министерот за правда Борислав Ганчев се разговараше за начините на синхронизирање на законската регулатива за подобрување на инвестициската клима, како и за борбата против корупцијата и е-правдата.

На работната средба, министерите Сандов и Нуредини потпишаа програма за заеднички активности за 2022 – 2023 година. Станува збор за двегодишна програма за имплементација на договорот меѓу министерствата на Северна Македонија и Бугарија за соработка во областа на животната средина и вода (потпишан во 2019 година).

Министерот Нуредини изјави дека Северна Македонија смета на помошта на Бугарија во преговарачкиот процес во областа на заштитата на животната средина.

CIVICA
govor
CIVICA
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW