Во рамки на Неделата на циркуларна економија на Западен Балкан, разговаравме со Ивана Лозановска, која има докторат на Одделот за шумарство и управување со природни ресурси и е член на LogEx зедницата, иницијатива на Балкан Форум. LogEx има цел да ги обедини различни актери низ Западен Балкан со цел промовирање на циркуларната економија и нејзините бенифити за општеството.
„Основно за циркуларна економија е да се смени начинот на којшто се произведуваат продуктите и нивната употреба. Најчесто продуктот се произведува, ние го конзумираме и го фрламе. Тоа е линеарна економија. Циркуларната економија има цел да го промени начинот првио како се произведуваат материјалите, тоа да не биде директно екстрахирање на примарни продукти, природни ресурси, туку оние ресурси што веќе влегле во системот. Тоа предразбира дека не се користат веќе примарни туку секундарни, односно истите да бидат рециклирани“, вели Лозановска.
Б. Јордановска