ЦИВИЛ организира онлајн настан на тема „Циркуларна економија: Потенцијали и предизвици за идните генерации“ на 26 мај 2022 година, со почеток во 12 часот. На настанот ќе говорат лидерката на ДОМ, Маја Морачанин, претставничката на експертската заедница, д-р Ивана Лозановска и претседателот на Цивил, Џабир Дерала.
Што е циркуларна економија, колку е применлива во националните и локалните економии, особено ако се работи за сиромашни земји, колку е можна во контекст на руската агресија врз Украина и други економски, воени, политички и други услови – се само дел од прашањата поврзани со оваа тема, велат организаторите на настанот што е дел од Неделата на циркуларна економија на Западен Балкан која се одржува од 23 до 27 мај низ целиот регион на Западен Балкан.
Неделата на циркуларна економија на Западен Балкан е првата регионална иницијатива која обединува различни актери низ Западен Балкан. Фокусот на оваа иницијатива е на циркуларната економија и одржливиот развој и е организирана од членовите на заедницата Logex од целиот регион, по иницијатива на организацијата Балкански форум од Косово.
Заедницата LogEx е основана во декември 2021 година. Тоа е партнерство помеѓу универзитети и академици, граѓански организации и деловни чинители од регионот на Западен Балкан и дијаспората од регионот. Како диверзитетна заедница, LogEx работи на премостување на јазот помеѓу високото образование и пазарот за вработување во регионот на Западен Балкан. LogEx го олеснува заедничкото учење и соработката и работи на градење човечки капитал, зајакнување на циркуларната економија, намалување на невработеноста и миграцијата.
Линк: Фејсбук настан
This post is also available in: Albanian