Во интервјуто за Грин ЦИВИЛ, лидерката на ДОМ, Маја Морачанин, зборуваше за зелените политики, вредности и потенцијали во контекст на македонската општествено-политичка состојба.
Зборувајќи за институционалната подготвеност за спроведување на зелените политики во една поширока рамка, Морачанин вели дека позитивни исчекори се направени, а како добар пример може да послужи е новиот Закон за заштита и спречување од дискриминација и формирањето на професионална и независна комисија во насока на заштита и почитување на човековите права и слободи во делот и на зелените политики.
„Клучно е делата од омраза да бидат препознаени и соодветно санкционирани од институциите за да се прати една јасна порака дека дискриминацијата, говорот на омраза, делата од омраза не се толерираат во македонското општество и соодветно се санкционираат. Но, тоа сѐ уште изостанува во овој дел“, смета Морачанин, зборувајќи за формите на непочитување на човековите права и слободи.
ДОМ е членка на Европската зелена партија, која ги обединува сите зелени партии од Европа, на земјите –членки, но и на оние кои не се дел од европското семејство. Во таа насока, Морачанин во интервјуто истакна дека од нив имаме безусловна поддршка во започнувањето на преговорите со ЕУ, кои со своите активности во Европскиот парламент со другите групи интензивно лобираат тоа и да се оствари.
За потсетување ДОМ не го поддржа европскиот предлог за започнување преговори со ЕУ.
Б. Ј.
Морачанин: Зелената економија не може да се сведе на политика од денес за утре