Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

МТСП за малолетниците што собираат отпад во Шуто Оризари вели случаите на злоупотреба да се пријават во подрачното одделение за социјална заштита, Шуто Оризари нема пријавено ниту еден

19/08/2022
in АКТУЕЛНО, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
МТСП за малолетниците што собираат отпад во Шуто Оризари вели случаите на злоупотреба да се пријават во подрачното одделение за социјална заштита, Шуто Оризари нема пријавено ниту еден
Share on FacebookShare on Twitter

Редакцијата на Зелен ЦИВИЛ вчера се обрати до Министерството за труд и социјална политика за коментар или образложение на изјавата на раководителот на Одделението за животна средина во Општина Шуто Оризари, Георги Клинчаревски, за праксата малолетник да изнесува отпад на запрежни коли и да не се знае каде завршува тој отпад.

„Според Законот за социјална заштита, кај малолетно лице се поставува старател доколку лицето е без родители и родителска грижа или родителите се спречени да го вршат родителското право. На подрачје на Општина Шуто Оризари има подрачно Одделение за давање на права и услуги од областа на социјалната и детска заштита и во случај на сомнеж дека некое дете е злоупотребено треба истото да биде пријавено во подрачното одделение. По добиената пријава стручниот тим ќе ја утврди фактичката состојба и ќе постапи согласно Законот за социјала заштита“, одговорија од МТСП на прашањето на ЦИВИЛ дали се запознаени со праксата во Шуто Оризари за ангажирање малолетници за транспорт на отпад.

Во својата изјава Клинчаревски на панелот на Зелен ЦИВИЛ „Отпад, регулација на отпад, состојби и решенија“ вели дека: „Еколошката свест на населението е на ниско ниво. На нив им е полесно да најдат некој малолетник. Кантите со отпад, да ги фрлат во кола со коњи и тоа дете ги носи некаде. Малолетник, а според Законот за малолетници ние не смееме да интервенираме. Треба да има старател, не можеме него да го казниме. Исто и полицијата.  Има и такви случаи кои ние не можеме да ги решиме“.

Во телефонски разговор со Клинчаревски побаравме коментар за одговорот на МТСП и го прашавме дали некогаш во било која прилика пријавиле случај каде малолетник бил искористен за пренос на отпад.

Клинчаревски потврди дека подрачното Одделение за социјална и детска заштита функционира, работи, но досега не пријавиле ниту еден случај. Најголемиот проблем е што не можат да ги легитимираат децата, ниту да дознаат за нивните старатели или родители. Проблемот е што граѓаните се кријат меѓу себе и кога и да прашаат велат дека не ги познаваат. Клинччаревски вели дека имаа тројца комунални редари кои работа до 16 часот, па е тешко да се детектираат ваквите случаи во попладневните и вечерни часови.

Клинчаревски рече дека и редарите и градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, ќе ги запознае со одговорот од МТСП и ќе гледаат да ги анулираат ваквите случувања во иднина.

Биљана Јордановска


Малолетници собираат отпад, еколошката свест на екстремно ниско ниво

 

Панел дискусија на Зелен Цивил: Отпад, регулација на отпад, состојби и решенија

 

[adrotate banner=”4″]

govor
CIVICA
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW