Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ

Европската Унија забранува увоз на производи кои придонесуваат за уништување на шумите – Што се менува со договорот?

09/12/2022
in АКТУЕЛНО, ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
Милјарда хектари шума за справување со глобалното затоплување:
Share on FacebookShare on Twitter

Законодавците на Европската Унија, по повеќе од 9 часа преговарање, постигнаа договор за усвојување на нов закон со кој се гарантира дека производите што се продаваат во ЕУ не се поврзани со уништување или деградација на шумите, наведува Euractiv.

Во периодот од 1990 до 2020 година поради уништување на шумите е изгубена површина поголема од ЕУ, што, како што се истакна, е причина за 10 проценти од загубата на таквите површини.

„ЕУ е голем потрошувач и трговец со стоки кои играат значајна улога во уништувањето на шумите, како што се говедско месо, соја, какао и дрво“, рече Мариан Јуречка, министер за животна средина од Чешка, која преговараше во име на 27 земји на ЕУ. Тој наведе дека заштитата на животната средина низ целиот свет, вклучувајќи ги шумите и прашумите, е заедничка цел за сите земји.

Што се менува со овој договор?

Компаниите ќе мора да проверат дали нивните производи содржат материјали што доаѓаат од уништувањето на прашумите, како палмино масло, говедско месо, соја, кафе, чоколадо, какао, дрво, гума или делови за мебел. Од нив ќе се бара да дадат изјава за длабинска анализа за да можат да продаваат такви производи на пазарот на ЕУ. Доколку се поврзани со уништување на шумите, ќе се забрани увоз и извоз во ЕУ.

Мерката важи и за говедата што се хранат со сточна храна одгледувана на полиња создадени во обесшумени области. Продажбата во ЕУ нема да биде дозволена без такви декларации – сертификати врз основа на сателитски снимки и џи-пи-ес координати, за да се знае од каде доаѓа стоката.

Бројот на извршени инспекции ќе зависи од земјата на производство, при што кај оние со најголем ризик ќе се проверуваат девет проценти од операторите и трговците кои тргуваат со производите.

Новиот закон на ЕУ е поздравен од еколошките организации. „Greenpeace“ ја поздрави одлуката и се надева дека ќе запре сечата.

„Влеговме во историјата со законот против уништување на шумите, прв од ваков вид во светот“, рече Анке Шулмајстер-Олденхова, виш службеник за шумска политика во Канцеларијата за европска политика на WWF.

Новата одлука мора да биде усвоена од Европскиот парламент и Советот пред да стапи во сила. Операторите и трговците ќе имаат рок од 18 месеци да ги применат новите правила, додека продолжениот период на воведување од 24 месеци се однесува на микро и малите претпријатија.

Биодизелот и пченката не се вклучени, а Комисијата ќе разгледа дали ќе треба и тие да се додадат во иднина.

извор: Агротим.мк

govor
CIVICA
govor
CIVIL
CIVIL
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ

© 2022 GREENCIVIL