Игор Милошевиќ, од НВО АДП-ЗИД, во разговор за ЦИВИЛ Медиа вели дека дводневната работилница на LogEx, која се одржа во Скопје, отвора многу можности каде може да се поврзат различни луѓе, со различни идеи, а преку тоа да се направат стратегии за заедничка работа на регионално ниво.
Тој додава дека неговата организација ја поддржува циркуларната економија и нуди поддршка преку совети и промоција, но и предавања на кои се објаснува процесот на производство, употреба и реупотреба на некои добра и материјали, но секако да се запазат стандардите на квалитет, но и еколошки материјали.
“Постојат многу можности, вистинската идеја на оваа средба беше да се поврзат најразлични луѓе, со различни идеи да се стават на маса, различни капацитети квалитети и можности и преку тоа да се направат некои стратегии за заедничка работа на регионално ниво“, вели Милошевиќ.
*
Заедницата LogEx е основана во декември 2021 година. Тоа е партнерство помеѓу универзитети и академици, граѓански организации и бизнис актери од Западен Балкан и дијаспората во регионот. LogEx е конзорциум од различни организации со заедничка идеја како што е циркуларната економија, безбедноста, развој на стратегии како да продолжи фокусот на овие теми, со цел да се промовираат и да се вклучат различни субјекти од општеството, како бизнис секторот, локалните власти, централните власти, со цел да се подобри законодавството како и мерките кои треба да бидат поддржани. Примарната цел е како да се привлече вниманието на младите за да бидат посвесни за потенцијалот, личниот развој и секако вработувањето преку циркуларната економија
камера и монтажа: Ариан Мехети
Милошевиќ, АДП-ЗИД, Црна Гора: Циркуларната економија ќе отвори нови работни места и нови бизниси