Грета Тунберг, заедно со десетици активисти за заштита на животната средина во понеделникот, 27 февруари, протестираше пред Министерството за енергија во Осло против ветерниците изградени на домородно земјиште во Норвешка, обајви EuroNews/Green.
„Правата на домородните луѓе, човековите права, мора да одат рака под рака со заштита на климата и климатските активности. Тоа не може да се случи на сметка на некои луѓе. Тогаш тоа не е климатска правда“, рече таа во интервју за новинската агенција Ројтерс.
Спорните две ветерни електрани зафаќаат земјиште што традиционално го користат домородните Сами сточари на ирваси во централна Норвешка.
Во 2021 година, врховниот суд на Норвешка пресуди дека проектите ги прекршуваат правата на Сами според меѓународните конвенции. И покрај одлуката на врховниот суд за ветерните електрани, нивната крајна судбина е сложена правна дилема според Министерството за енергетика, кое се надева дека ќе најде компромис. Во пресудата на судот не е наведено што треба да се случи со 151 турбина, предвидени да опслужат над 100.000 норвешки домови, или десетици километри патишта изградени за да се олесни изградбата. И покрај пресудата верните електрани продолжуваат со работа, што резултираше со протест и блокирање на влезовите на Министерството за нафта и енергетика.
Сточарите на ирваси во нордиската земја велат дека глетката и звукот на џиновската ветроелектрана машина ги плаши нивните животни и ги нарушува вековните традиции.
„Тука сме да бараме турбините да се урнат и да се почитуваат законските права“, вели Сами кантавторката, актерка и активистка Ела Мари Хаета Исаксен.
Таа и десетина други демонстранти Сами го окупираа приемниот простор на министерството од четвртокот. Полицијата во понеделникот околу 1.30 часот насилно ги отстранила и ги привела пред да ги ослободи. Тие се вратија во министерството, овој пат надвор, околу 6 часот наутро. Демонстрантите Сами ја носеа својата традиционална носија, често наречена гакти, внатре кон надвор како знак на протест. Стоејќи во знак на солидарност со нив, Грета вели: „Тука сум да ја поддржам борбата за човекови права и права на домородните. Норвешка ги крши човековите права и тоа е целосно неприфатливо“.
извор: EuroNews