Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ

Шукова: Пречистителната станица во Југохром мора да биде во функција, трошоците за нејзино функционирање ги покриваме од Буџетот

16/03/2023
in АКТУЕЛНО, ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
Шукова: Пречистителната станица во Југохром мора да биде во функција, трошоците за нејзино функционирање ги покриваме од Буџетот
Share on FacebookShare on Twitter

Пречистителната станица од  тетовската фабрика Југохром мора да биде во функција, а трошоците за нејзино функционирање ќе се покријат од Буџетот. Ова денеска го најави министерката за животна средина и просторно планирање  Каја Шукова по средба со вработените на пречистителната станица за намалување на загадувањето со шествалентен хром во Југохром Алзар ДООЕЛ Јегуновце, фабрика која е во стечај.

Состанокот беше инициран од страна на вработените од Југохром – во стечај, заради проблеми со исплатата на месечните приходи, побарување на дополнителни средства за дежурства во неработните денови, како и обезбедување дополнителна заштитна опрема.

-Пречистителната станица е објект под сопственост на Југохром Алзар ДООЕЛ Јегуновце, а луѓето што се грижат за нејзиното функционирање се вработени во компанијата. Од причина што оваа инсталација моментално е под стечај и не работи, а прочистувањето на водите што се излеваат од депонијата е од витално значење за заштитата на животната средина и подземните води од шестовалентниот хром, Министерството за животна средина и просторно планирање ја презема обврската да ги плаќа надоместоците  за месечните плати на луѓето што оперираат со пречистителната станица, како и за хемикалиите кои треба да се набавуваат односно трошоците за одржување на пречистителната станица, порача Шукова, пренесе МИА. 

На состанокот министерката информираше дека за барањата на вработените веќе е разговарано со стечајниот управител  и истите ќе бидат исполнети со новиот Договор што ќе го потпише Министерството со стечајниот управител. Така ќе се обезбеди редовно исплаќање на платите, а решен е проблемот со здравственото осигурување.

-Министерството ќе направен напор да ја обезбеди заштитната опрема за вработените.  Свесни за важноста на работата на пречистителната станица, останува да се следи состојбата со стечајната постапка, од која ќе зависи иднината на вработени, порача Шукова.

govor
CIVICA
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW