Втората годишна Недела на циркуларната економија на Западен Балкан ќе се оддржи од 22-26 мај, 2023 година. Со сеопфатната тема „Партнерство за циркуларност“, низа паралелни активности ќе се оддржат низ повеќе земји од Западен Балкан, вклучувајќи голем број на заинтересирани страни и учесници. Еднонеделните активностите ќе започнат во Приштина, Косово, со конеференцијата организирана од страна на Балкан Форум и Меѓународниот колеџ Универзум.
Оваа единствена регионална иницијатива на ЛогЕкс ( LogEx) заедницата – формирана од Балкан Форум – има за цел да го револуционизира пристапот на Западен Балкан кон одржлив развој, преку промовирање на практики на циркуларната економија. Со здружување на различни актери, вклучувајќи ја и академијата, граѓанските организации, медиумите, бизнисот и експертите, Неделата на циркуларна економија има за цел негување на соработка и поттикнување значајни промени во регионот.
Настанот „Партнерство за циркуларност“ претставува значајна пресвртница за регионот на Западен Балкан. Продолжува да негува соработка и споделување знаење меѓу различните засегнати страни. Претставува дополнителна можност за поттикнување позитивни промени и создавање на подобро утре за Западен Балкан и пошироко.
Еднонеделните активности претставуваат платформа за споделување и воведување нови идеи, креативни решенија и одржливи практики кои ќе ја обликуваат зелената иднина на Западен Балкан силно вкоренети во силна циркуларна економија, со крајна цел справување со невработеноста и иселувањето од Западен Балкан.
Зелен ЦИВИЛ, организациска единица на ЦИВИЛ – Центар за слобода, ќе спроведе низа активности за време на Неделата на циркуларна економија, вклучувајќи и конференција насловена „Визии за зелена иднина: Партнерство за циркуларност“ на 23 мај, објавување и промоција на публикација со истиот наслов, како и интензивна медиумска продукција. Медиумскиот тим на Зелен ЦИВИЛ продуцираше два документарци за успешни бизниси кои вклучуваат модели на циркуларната економија во нивната работа.
ЛогЕкс (LogEx) заедницата, формирана во декември 2021 година, е партнерство посветено на премостување на јазот помеѓу високото образование и пазарот за вработување во Западен Балкан. Со фокусирање на градење на човечки капитал, зајакнување на циркуларната економија и поттикнување на одржлив развој, ЛогЕкс заедницата има за цел да создаде посветла иднина за регионот.
Членки на ЛогЕкс (LogEx) заедницата: The Balkan Forum (СБ), Build Green Group (Албанија), CENER 21, COD Jajce (Босна и Херцеговина), CIVIL / Green CIVIL (Северна Македонија), Universum International College (Косово), YIHR (Србија), ADP-Zid (Црна Гора).
ЛогЕкс (LogEx)