Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ

Панел на ЦИВИЛ: Железничкиот транспорт еден од приоритетите на Зелената агенда

06/10/2023
in АКТУЕЛНО, ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
Панел на ЦИВИЛ: Железничкиот транспорт еден од приоритетите на Зелената агенда
Share on FacebookShare on Twitter

Енергетнската трансформација кон обновливи извори, енергетската ефикасност, земјоделието, во насока на мерките за адаптација од климатски промени, проблемите како што е загадувањето на воздухот, водите, железничката инфракструтура, се само дел од приоритетите во контекст на зелената агенда кои ги наведе претседателката на ДОМ и пратеничка Маја Морачанин, на панелот на ЦИВИЛ „Македонската зелена агенда: Реалност или тешко остварлива цел?“

„Приоритет кој што е и дел од Зелената агенда е и транспортот, железничкиот сообраќај, како најеколошки. Ние ништо со години не сме направиле, три децении, за железницата. Па нели е тоа поразително? Сега има средства за тоа и нека се реализира. Навистина е поразително да не можете со воз да патувате од точка А до точка Б – 21 век“, заклучи Морачанин.

Екологистот и политиколог, Тони Поповски, потенцираше дека имаме критична ситуација со секторот со општински јавни комунални претпријатија, кој и пред енергетската криза, како последица на руската агресија врз Украина, беа во една незавидна финансиска состојба.

„Со енергетската криза уште потешко им е да работат. Формациски има некој пинг – понг меѓу министерствата, никој не сака да се зафати со овој жежок костен и да го реши со една национална политика. Ние не смееме да дозволиме да имаме вакви комунални претпријатија пред колапс кои нема да можат да ни испораачат елементарни услуги, како што е водата за пиење“, заклучи Поповски.

Заедничкиот заклучок е дека мора да се зајакнат институционалните капацитети. И Морачанин и Поповски истакнаа иако по прашањето на зелената агенда има прогрес, сепак треба да се сфати дека таа нема друга алтернатива и треба да котира високо во политичката агенда на Владата и Собранието со одвојување на значајни финансиски средства.

Панелот се пренесува во живо на Фејсбук страницата на Зелен ЦИВИЛ и на Јутуб каналот на ЦИВИЛ.

Панел –дискусијата е дел од  проектот „Зелен форум“  што Зелен ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Фондацијата Хајнрих Бел.

Б. Јордановска

камера: Дехран Муратов
монтажа: Аријан Мехмети

govor
CIVICA
govor
CIVIL
CIVIL
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ

© 2022 GREENCIVIL