Програмата за животна средина на Обединетите нации (UNEP) ја дефинира зелената економија како онаа која резултира со зголемена благосостојба и социјална еднаквост, со значително намалување на еколошките ризици и еколошкиот недостиг. Таа ги интегрира производството, дистрибуцијата и потрошувачката на стоки и услуги со цел да се подобри благосостојбата на луѓето и на животната средина на долг рок.
Циркуларната економија претставува „развојна стратегија која овозможува економски раст без зголемување на потрошувачката на ресурси, а со тоа го намалува влијанието врз животната средина“. Додека циркуларноста придонесува кон поодржлив свет, не сите иницијативи за одржливост придонесуваат кон циркуларноста. Циркуларноста се фокусира на циклусите на ресурсите, додека одржливоста, генерално, се однесува пошироко на луѓето и економијата.
Основната цел е да се преиспитаат, односно промислат системите за производство и да се влијае на потрошувачките навики на луѓето преку технолошки, социјални и организациски иновации, потпирајќи се на глобалното вклучување на повеќе засегнати страни. Според овој пристап, производите ќе имаат подолг работен век, а на крајот од нивниот животен циклус, ресурсите што се користат за нивно создавање мора повторно да се искористат во нови производни циклуси за да се создаде нова вредност, а со тоа драстично да се намали производството на отпад.
За да се спроведе циркуларна економија, почетната точка е нов дизајн за производствени процеси, производи и услуги. Тие мора да се редизајнираат за да се обезбеди подолга издржливост, полесна поправка, можност за преработка и надградба и обемно рециклирање на компонентите и суровините пред крајот на нивниот работен век.
Накратко, додека кружната економија може да се вклопи во зелената економија, обратното не мора да биде случај.
Оваа содржина е дел од активностите на ЦИВИЛ во големата регионална иницијатива за одбележување на Неделата на циркуларна економија на Западен Балкан (27-31 мај 2024) под мотото „Одржливи мостови: Обединување, издигнување, надополнување.“ Иницијативата ја спроведува регионалната мрежа ЛогЕкс, формирана по иницијатива на угледната тинк-тенк организација Балкан Форум од Косово, а со поддршка од Rockefeller Brothers Fund од САД.
This post is also available in: Albanian