Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА

Регионална конференција на ЦИВИЛ за перспективите на циркуларната економија во услови на војна и несигурност

31/05/2024
in ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ, ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА
Недела на циркуларна економија на Западен Балкан 2024: ЦИВИЛ со динамична медиумска продукција, регионален јавен настан и анализа на перспективите во услови на војни и несигурност
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ организира регионална конференција на тема „Перспективите на циркуларната економија во услови на војна и несигурност“ денеска, (петок, 31 мај), со почеток во 12 часот.

На конференцијата ќе говорат претставнички и претставници на граѓански организации од целиот регион на Западен Балкан. Тие ќе говорат за своите активности, како и за перспективите на циркуларната економија во национални, регионални и глобални контексти.

Конференцијата е дел од Неделата на циркуларната економија на Западен Балкан 2024, регионална манифестација на веќе трета година ја организира регионалната иницијатива ЛогЕкс (LogEx), формирана од еминентната тинк-тенк организација Балкан Форум од Косово.

Работниот јазик на конференцијата е англиски, со симултан превод на македонски.

Циркуларната економија е една од најактуелните гранки на зелената агенда во голем дел од светот. Трансформативниот социо-економски процес во контекст на циркуларната економија со себе носи фантастични потенцијали за развој на бизнис модели што носат големи добивки, а воедно ја заштитуваат, па и регенерираат природата и животната средина.

Воедно, циркуларната економија, како и сите други области на зелената агенда, се соочува со голем број предизвици што произлегуваат од воените конфликти, во прв ред руската агресија против Украина.

ФБ НАСТАН: Перспективите на циркуларната економија во услови на војна и несигурност

(ИНФО) Неделата на циркуларна економија на Западен Балкан 2024

Овогодишната тема на Неделата на циркуларна економија е „Одржливи мостови: Обединување, издигнување, надополнување“ и се одржува од 27 до 31 мај. Медиумските содржини поврзани со темата и со активностите на регионалната иницијатива се објавуваат на веб страницата GREENCIVIL.MK на македонски, албански и англиски, во рубриката ЗЕЛЕНИ на CIVILMEDIA.MK на македонски, и во рубриката TË GJELBRIT на DREJT.MK на албански.

Организациите од земјите на Западен Балкан, членки на ЛогЕкс заедницата организираат мноштво од паралелни активности со кои ги промовираат добрите практики и знаењата поврзани со предизвиците и перспективите на циркуларната економија во регионот.

Регионалната иницијатива на ЛогЕкс (LogEx) заедницата – формирана од Балкан Форум – има за цел да го револуционизира пристапот на Западен Балкан кон одржливиот развој, преку промовирање на практики на циркуларната економија. Со здружување на различни актери, вклучувајќи ја и академијата, граѓанските организации, медиумите, бизнисот и експертите, Неделата на циркуларна економија има цел да ја промовира интерсекторската и регионалната соработка кои се основа за развој и поттикнување на значајни и позитивни промени во регионот.

ЦИВИЛ 

CIVICA
govor
CIVICA
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW