ЗЕЛЕН ЦИВИЛ одржа регионална онлајн конференицја „Дај петка за подобра иднина! (Give me Five for a Better Future!) на која учествуваа претставници експерти и граѓански активисти од регионот.
На онлајн конференцијата учесниците ја истакнаа важноста на циркуларната економија и одржливите практики во регионот на Западен Балкан.. Преку визуелни прикази, презентираа како индивидуалните и колективните напори можат да придонесат за подобра иднина.
Преку примери на успешни иницијативи и проекти кои промовираат рециклирање, повторна употреба и одговорно управување со ресурси, ЗЕЛЕН Цивил заедно со партнерите од ЛогЕкс мрежата придонесоа кон инспирирање и мотивирање на граѓаните, институциите и бизнисите да преземат активна улога во транзицијата кон поодржливо општество.
„Дај петка за подобра иднина!“ служи како повик за акција, потсетувајќи дека секој мал чекор кон одржливост е значаен придонес кон заштитата на животната средина и подобрувањето на квалитетот на животот за идните генерации.
Учесници на конференцијата беа Газменд Берлајоли, извршен директор на Балкан Форум, Косово, Џабир Дерала, ЦИВИЛ, Саџида Хафизовиќ, ЦЕНЕТ 21 од Босна и Херцеговина, Белиса Хаџиу од Build Green Group, Албанија и Катерина Илијоска, Western Balkans Circular Economy Hub, Северна Македонија.
ЦИВИЛ во „Неделата на циркуларна економија“ учествува и со богата медиумска продукција со вклучување на засегнатите страни и презентација на најдобри практики за промовирање на циркуларната економија, со учество на носители на одлуки, експерти, практичари и граѓанското општество.
ЛогЕкс (LogEx) се: The Balkan Forum (Косово), CIVIL / Green CIVIL (Северна Македонија), Build Green Group (Албанија), CENER 21, COD Jajce (Босна и Херцеговина), Universum International College (Косово), Zero Waste Montenegro (Montenegro), YIHR Serbia (Србија).