Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home ИНТЕРВЈУ

Мургашанска: Едукацијата е првиот чекор кон зелена иднина, управувањето со отпад бара заедничка акција

28/05/2025
in АКТУЕЛНО, ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ, ИНТЕРВЈУ, ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА
Мургашанска: Едукацијата е првиот чекор кон зелена иднина, управувањето со отпад бара заедничка акција
Share on FacebookShare on Twitter

Во целиот Североисточен плански регион единствена прочистителна станица е во Општина Куманово која долго егзистира, но начинот на нејзино функционирање генерира постојани долгови. Сè уште има проблеми со регулација на речните корита во регионот, изградба на пешачки и велосипедски стази, треба постојано да се апелира и да се преземаат мерки за чистота на водата. Проблем е што младите се иселуваат и од еколошки причини и лошата зелена инфраструктура.

Атина Мургашанска, како дел од Центарот за развој на Североисточниот плански регион, во разговорот за ЗЕЛЕН Цивил, истакна дека во надминување на овие проблеми се работи интезивно на јакнење на свеста кај граѓаните.

„Работиме и на конкретни проекти за регионалното третирање и управување со отпад. Најпрвин се работеше на измена на националното законодавство, па на регионалните и општински документи за да се доближи тематиката до чинителите во третирањето на отпадот. Европа вложи значителни средства најпрвин во адаптација на законодавството, подигање на јавната свест преку кампањи, работилници, едукација на младите, на бизнис секторот… , а потоа на кокретни чекори на собирање, третирање и управување со отпадот“, изјави Мургашанска.

За инсталација на фабрика за отпад е одреден простор кај селата Мечкуевци и Арбашанци, Свети Николе.Порцесот уште не е почнат, а причините според Мургашанска се можеби неинформираноста, неедуцираноста и недоволно работа со граѓаните кои првенствено пружиле отпор исплашени дека може да дојде до процес на загадување, а влијание имала и локалната самоуправа, односно смена на локалната власт, локални избори – кои го забавуваат целиот процес. Проектот е започнат во 2009 година.

Со Мургашанска зборувавме и за плановите и перспективите за Североисточен плански регион. Таа нагласи дека перманентна е едукацијата, од најмалите во градинките, основните и средните училишта, па се до започнување на процес на селекција на отпадот во сопствените домови и негово рециклирање.

„Како Центар за развој на Североисточниот плански регион и општините од регионот работиме на намалување на трошоците за загревање, заштеда на енергијата. Со инвестирање во енергетско ефикасни фасади, со нови фасади на училиштата и институциите, со поисплатлив начин на загревање, се бараат алтернативни начини да се заштеди, особено во јавниот сектор, да не се загадува средината, вложуваме во сообраќајната инфраструктура – повеќе велосипедски патеки, помал степен на користење горива, а поголем степен на користење на јавниот превоз, особено во зимските месеци кое е најголемо загадување, со цел да овозможиме чист воздух, услов без кој не се може ако сакаме да ги задоволиме стандардите во една средина кој претендира да биде дел од Европската Унија“, потенцираше Мургашанска.

Биљана Јордановска

камера и монтажа: Ариан Мехмети


Содржината е дел од проектот на ЦИВИЛ /ЗЕЛЕН Цивил „Дај петка!“ во рамки на големата регионална иницијатива за одбележување на Неделата на циркуларна економија на Западен Балкан (26 мај- 1 јуни 2025) под мотото „Од локални решенија до регионално влијание“ што го спроведува регионалната мрежа ЛогЕкс, каде ЦИВИЛ е членка, на иницијатива на угледната тинк-тенк организација Балкан Форум од Косово, а со поддршка од Rockefeller Brothers Fund од САД.

This post is also available in: AlbanianEnglish

govor
CIVICA
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW