Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home ЕДУКАЦИЈА

РЕЦИКЛИРАЈ(RECYCLЕ): Втор живот на отпадот – Мал чекор за човекот, голема промена за природата

30/05/2025
in АКТУЕЛНО, ЕДУКАЦИЈА, ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ, ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА
РЕЦИКЛИРАЈ(RECYCLЕ): Втор живот на отпадот – Мал чекор за човекот, голема промена за природата

Duet Photo/Unsplash

Share on FacebookShare on Twitter

Рециклирањето (Recycle) е последната опција кога веќе нема друга можност – да се претвори  отпадот во нов ресурс.

Рециклирањето е процес каде отпадот се преработува и се претвора во нови производи. Тоа е важен дел од циркуларната економија и помага да се намали исцрпувањето на природните ресурси. Селектирањето на отпадот и неговото правилно одлагање е прв чекор за успешна рециклирање.

За успешно рециклирање, прво треба да го селектираме отпадот правилно – одделување хартија, пластика, стакло и метал во соодветните контејнери. Кога купуваме производи, треба да избираме оние кои се направени од рециклирани материјали.

Примери за рециклирање во секојдневниот живот Опис
1 Сортирање на отпад дома Одвојување хартија, пластика, стакло и метал за рециклирање
2 Користење на канти за селективен отпад Фрлање на отпадот во означени канти (сина, жолта, зелена итн.)
3 Предавање електронски отпад Стари телефони, батерии, полначи – во специјализирани пунктови
4 Враќање шишиња со кауција Во продавници или автомати што враќаат пари за празни шишиња
5 Рецклирање текстил Предавање стара облека во контејнери за текстилен отпад
6 Купување производи од рециклирани материјали Тоалетна хартија, тетратки или кеси направени од рециклирани суровини

Овие материјали се собираат и се носат до рециклажни центри каде се преработуваат Општествено одговорните компании можат да придонесат кон процесот на рециклирање, но постојат и сцпецијализирани компании за рециклирање на одреден тип на отпад – хартија, кабест отпад, стакло… .

. Примери за рециклирање во бизнис секторот Опис
1 Рециклирање на хартија и картон Во канцеларии – одвојување за рециклажа на канцелариски отпад
2 Индустриско рециклирање Компании кои собираат и преработуваат метал, пластика, стакло
3 Рециклирање на градежен отпад Бетон, тули, железо – се преработуваат и повторно користат
4 Партнерства со фирми за отпад Бизниси кои склучуваат договори со компании за управување со рециклирачки отпад
5 Рециклирање на електронска опрема Стари компјутери, печатачи, кабли се предаваат на специјализирани компании
6 Користење амбалажа од рециклирани материјали Пример: кутии, кеси или шишиња од рециклирана пластика/хартија

Во Северна Македонија постојат рециклажни центри и компании кои се занимаваат со собирање, селектирање и преработка на различни видови отпад. Сепaк овој систем уште не е развиен на ниво на држава.

Предизвиците со кои се соочуваат, освен што не постои централна државна рециклажа на отпад, се и рециклажниот материјал завршува како отпад поради нечисто сортирање, не доволна едукација и мотивација кај граѓаните, немањето рурална инфраструктура за сортирање и рециклирање на отпад.

Рециклирањето е важен дел од циркуларната економија, но најдобро е да се комбинира со другите R (Rethink, Refuse, Reduce, Reuse), бидејќи само со комбиниран пристап можеме да постигнеме значително намалување на отпадот.


Оваа содржина е дел од проектот на ЗЕЛЕН Цивил „Дај петка!“ во рамки на Неделата на циркуларна економија на Западен Балкан (26 мај- 1 јуни 2025) под мотото „Од локални решенија до регионално влијание“.
Иницијативата ја спроведува регионалната мрежа ЛогЕкс, каде ЦИВИЛ е членка. Мрежата ја лансираше угледната тинк-тенк организација Балкан Форум од Косово, а со поддршка од Rockefeller Brothers Fund од САД.

ПРЕИСПИТАЈ (RETHINK): Промени ја перспективата, зачувај ја планетата

ОТФРЛИ (REFUSE): Кажи НЕ на отпадот, кажи ДА на планетата

НАМАЛИ (REDUCE): Помалку отпад, повеќе живот

РЕУПОТРЕБИ (REUSE): Од отпад до ресурс – повторна употреба за почиста иднина

govor
CIVICA
govor
CIVIL
CIVIL
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ

© 2022 GREENCIVIL