Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home ЕДУКАЦИЈА

РЕЦИКЛИРАЈ(RECYCLЕ): Втор живот на отпадот – Мал чекор за човекот, голема промена за природата

30/05/2025
in АКТУЕЛНО, ЕДУКАЦИЈА, ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ, ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА
РЕЦИКЛИРАЈ(RECYCLЕ): Втор живот на отпадот – Мал чекор за човекот, голема промена за природата

Duet Photo/Unsplash

Share on FacebookShare on Twitter

Рециклирањето (Recycle) е последната опција кога веќе нема друга можност – да се претвори  отпадот во нов ресурс.

Рециклирањето е процес каде отпадот се преработува и се претвора во нови производи. Тоа е важен дел од циркуларната економија и помага да се намали исцрпувањето на природните ресурси. Селектирањето на отпадот и неговото правилно одлагање е прв чекор за успешна рециклирање.

За успешно рециклирање, прво треба да го селектираме отпадот правилно – одделување хартија, пластика, стакло и метал во соодветните контејнери. Кога купуваме производи, треба да избираме оние кои се направени од рециклирани материјали.

Примери за рециклирање во секојдневниот животОпис
1Сортирање на отпад домаОдвојување хартија, пластика, стакло и метал за рециклирање
2Користење на канти за селективен отпадФрлање на отпадот во означени канти (сина, жолта, зелена итн.)
3Предавање електронски отпадСтари телефони, батерии, полначи – во специјализирани пунктови
4Враќање шишиња со кауцијаВо продавници или автомати што враќаат пари за празни шишиња
5Рецклирање текстилПредавање стара облека во контејнери за текстилен отпад
6Купување производи од рециклирани материјалиТоалетна хартија, тетратки или кеси направени од рециклирани суровини

Овие материјали се собираат и се носат до рециклажни центри каде се преработуваат Општествено одговорните компании можат да придонесат кон процесот на рециклирање, но постојат и сцпецијализирани компании за рециклирање на одреден тип на отпад – хартија, кабест отпад, стакло… .

.Примери за рециклирање во бизнис секторотОпис
1Рециклирање на хартија и картонВо канцеларии – одвојување за рециклажа на канцелариски отпад
2Индустриско рециклирањеКомпании кои собираат и преработуваат метал, пластика, стакло
3Рециклирање на градежен отпадБетон, тули, железо – се преработуваат и повторно користат
4Партнерства со фирми за отпадБизниси кои склучуваат договори со компании за управување со рециклирачки отпад
5Рециклирање на електронска опремаСтари компјутери, печатачи, кабли се предаваат на специјализирани компании
6Користење амбалажа од рециклирани материјалиПример: кутии, кеси или шишиња од рециклирана пластика/хартија

Во Северна Македонија постојат рециклажни центри и компании кои се занимаваат со собирање, селектирање и преработка на различни видови отпад. Сепaк овој систем уште не е развиен на ниво на држава.

Предизвиците со кои се соочуваат, освен што не постои централна државна рециклажа на отпад, се и рециклажниот материјал завршува како отпад поради нечисто сортирање, не доволна едукација и мотивација кај граѓаните, немањето рурална инфраструктура за сортирање и рециклирање на отпад.

Рециклирањето е важен дел од циркуларната економија, но најдобро е да се комбинира со другите R (Rethink, Refuse, Reduce, Reuse), бидејќи само со комбиниран пристап можеме да постигнеме значително намалување на отпадот.


Оваа содржина е дел од проектот на ЗЕЛЕН Цивил „Дај петка!“ во рамки на Неделата на циркуларна економија на Западен Балкан (26 мај- 1 јуни 2025) под мотото „Од локални решенија до регионално влијание“.
Иницијативата ја спроведува регионалната мрежа ЛогЕкс, каде ЦИВИЛ е членка. Мрежата ја лансираше угледната тинк-тенк организација Балкан Форум од Косово, а со поддршка од Rockefeller Brothers Fund од САД.

ПРЕИСПИТАЈ (RETHINK): Промени ја перспективата, зачувај ја планетата

ОТФРЛИ (REFUSE): Кажи НЕ на отпадот, кажи ДА на планетата

НАМАЛИ (REDUCE): Помалку отпад, повеќе живот

РЕУПОТРЕБИ (REUSE): Од отпад до ресурс – повторна употреба за почиста иднина

This post is also available in: AlbanianEnglish

govor
CIVICA
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW