Овој видео прилог го истакнува „процесот на рециклирање“ во Скопје, главниот град на Северна Македонија.Преку примери од реалниот живот, илустрира како граѓаните и локалните власти „работат заедно“ за намалување на отпадот и промовирање на „одржливи практики“ во урбаната средина.
Оваа содржина е дел од проектот на ЗЕЛЕН Цивил „Дај петка!“ во рамки на Неделата на циркуларна економија на Западен Балкан (26 мај- 1 јуни 2025) под мотото „Од локални решенија до регионално влијание“.
Иницијативата ја спроведува регионалната мрежа ЛогЕкс, каде ЦИВИЛ е членка. Мрежата ја лансираше угледната тинк-тенк организација Балкан Форум од Косово, а со поддршка од Rockefeller Brothers Fund од САД.