Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • EN
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • EN
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home АКТУЕЛНО

Атлантската океанска циркулација слабее: Европа се подготвува за климатски ризик со системски последици

06/10/2026
in АКТУЕЛНО, ЕКОЛОГИЈА, ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
Германија издвои 60 милијарди евра за климатски фонд
Share on FacebookShare on Twitter

Европските влади и научните институции сè посериозно се подготвуваат за можните последици од слабеењето на Атлантската меридионална превртна циркулација (AMOC) – еден од клучните системи што ја регулираат климата во Европа. Новите истражувања укажуваат дека слабеењето може да биде значително поголемо од досегашните проценки, иако целосен колапс на системот не е научно потврден како неизбежен или непосреден.

AMOC пренесува топлина од тропските кон северните делови на Атлантикот. Глобалното затоплување, загревањето на океанот и внесувањето слатка вода од топењето на глечерите и ледот можат да ја намалат густината на морската вода и да го нарушат процесот на нејзино потонување, кој е важен за одржување на циркулацијата.

Новите научни проценки

Според IPCC (Меѓувладин панел за климатски промени, Обединети нации), AMOC многу веројатно ќе ослабне во текот на XXI век, но нагол колапс пред 2100 година не се смета за најверојатно сценарио.

Нова студија објавена во Science Advances во април 2026 година, која комбинира климатски модели и набљудувања, проценува дека AMOC би можел да ослаби за околу 51 ± 8 проценти до крајот на векот во сценариото SSP2-4.5, односно сценарио со средно ниво на идни емисии на стакленички гасови. Тоа е значително повеќе од просечните проценки на досегашните модели.

Еден од индикаторите што го привлекува вниманието на научниците е таканаречената „студена дамка“ во северниот Атлантик, јужно од Гренланд и Исланд. Истражувањата покажуваат дека овој регион се однесува различно од поголемиот дел од планетата, кој се загрева. Сепак, „студената дамка“ сама по себе не е доказ дека AMOC е пред непосреден колапс.

Европа почнува да се подготвува

Ризикот веќе се разгледува како прашање што ги надминува климатските политики.

Исланд формираше работна група за процена на последиците од потенцијално нарушување на AMOC, вклучително и неговото влијание врз националната безбедност.

Во Финска започна владин истражувачки проект предводен од Финскиот метеоролошки институт, кој ги анализира последиците од ослабувањето на AMOC врз земјоделството, енергетиката и логистиката во Финска и Балтичкиот регион.

Во Велика Британија, агенцијата ARIA инвестира 81 милион фунти во истражување на климатските пресвртни точки и развој на системи за рано предупредување.

Во Холандија, научниците од KNMI и Универзитетот во Утрехт моделираат можни промени на морското ниво и климатските услови во случај на силно слабеење или колапс на AMOC. Во одредени сценарија се очекуваат постудени зими и посуви лета, како и дополнително зголемување на нивото на морето долж холандскиот брег.

И Европската комисија го третира ризикот како дел од пошироките климатски пресвртни точки кои можат да предизвикаат прекугранични и системски последици за Европа.

Што би значело тоа за Европа?

Значително слабеење на AMOC би можело да предизвика големи промени во европската клима. Северозападна Европа би можела да има значително постудени зими, додека делови од јужна Европа и Медитеранот би можеле да се соочат со посуви услови и промени во врнежите.

Последиците би се почувствувале и во земјоделството, енергетиката, водоснабдувањето и транспортот, а нарушувањата на производството на храна би можеле да влијаат и врз цените и меѓународната трговија.

За Северна Македонија и Западен Балкан не постојат доволно прецизни модели за да се предвидат конкретни последици од евентуален колапс на AMOC. Сепак, промените во медитеранските и европските врнежни обрасци би можеле индиректно да влијаат врз водните ресурси, земјоделството и безбедноста на храната во регионот.

Б. Ј.

govor
CIVICA
govor
CIVIL
CIVIL
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • EN

© 2022 GREENCIVIL