Во основното училиште „Јан Амос Коменски” денеска ќе се одржи Еко-маскенбал, во организација на Општина Карпош и колективниот постапувач „Нула Отпад”.
Заинтересираните ученици од сите основни училишта од Карпош ќе може да се претстават со маска изработена од е – отпад во која е вклучен стар и неисправен електронски и електричен уред.
Целта на настанот е да се подигне јавната свест кај најмладите, за правилно искористување на отпадот и негова селекција.
За најдобрите три маски „Нула Отпад” обезбеди награди: мобилен телефон, паметен часовник и слушалки.
извор: МИА