Глобалното затоплување предизвикува климатски промени, односно постепено затоплување на целата наша планета. Сетоа тоа предизвикува промена на распоредот на дождовите, намалена снежна покривка на северната полутопка, промена на нивото на морињата и океаните и силни влијанија врз луѓето и животните на Земјата.
Кога се зборува за климатски промени, најчесто се мисли на глобалното затоплување предизвикано од ефектот на стаклена градина. Стаклените ѕидови на градината ја пропуштаат топлината, но не дозволуваат таа да излезе, и внатре станува многу топло и растенијата можат да растат дури и на места каде што обично е престудено за нив.
Постои научен консензус дека постојат климатски промени и дека активностите на човекот се основниот управувач. Прогнозите за идните климатски промени на регионално ниво, не се толку веродостојни како оние направени на глобално ниво. Меѓутоа, се очекува дека идното затоплување ќе се одвива според онаа претходно прикажана географска шема, со најголемо затоплување над земјата и на високите северни геогрфски ширини, а најмало над Јужниот Океан и делови од северниот Атлантски Океан. Многу е веројатно дека речиси сите копнени површини ќе се загреат повеќе од глобалниот просек. Арктикот, Африка, мали острови и азиските огромни делти, се региони кои најверојатно ќе бидат особено погодени од климатските промени.
Извештајот објавен во Nature, претстави резултати кои се поразители за планетата, и покажуваат дека во изминативе 25 години, Антарктикот изгубил 3 трилиони тони мраз.
Повеќето од оваа голема количина исчезнала во најранливиот регион на ледената прекривка на Западниот Антарктик, и досега придонел за покачување на нивото на океаните за 6 милиметри, но на долги патеки губитокот на мраз во овој регион може да го зголеми нивото на светските мориња и океани за зашеметувачки 3 метри во наредните векови.
Со промените од глобалното затоплување никој не е поштеден, па така, во Словенија, Кредарица, врвот на Јулиските Алпи, пред два дена падна снег, иако календарски се одбележува почетокот на летото.
Локалните медиуми од Словенија, изјавија дека во текот на ноќта се создала снежна покривка од околу пет сантиметри, но очекуваат стабилизирање на времето. Ова не е прв случај во Словенија, за време на пролетните и летните месеци да се изненадат со снег.
Највисока температира во Велика Британија во јуни месец е 35,6 степени и е измерена во пристаништето Саутемптон во 1976 година.
Секој од нас може да придонесе до забавување на процесот на глобалното затоплување и загадување на планетата Земја. Во просек човек фрла 2 килограми ѓубре дневно, а истото останува во депониите 30 години. Еден автобус штети на околината колку 40 автомобили. Едно семејство на годишно ниво фрла просечно 44 килограми пластика, рециклираната хартија заштедува 64% повеќе енергија отколку новопроизведената, а 1 тон рециклирана хартија може да спаси 17 дрвја.
Доколку фрламе отпадоци надвор, во нашата околина да имаме предвид дека на пластиката и се потребни 500 години за разградување, на алуминиумските конзерви исто 500 години, а на органските материјали, памукот и хартијата им се потребни 6 месеци.
А. Петровска