По најавата од Владата за помошта од 1.5 милион евра од Македонска Банка за поставување на филтрите за Југорхом, од Еко Герила повторно реагираат со соопштение за јавноста.
„Ние не им веруваме на ветувањата на Југохром и Владата, бидејќи со години не лажат. Бараме од вицепремиерот за економски прашања Анѓушев да се повлече целосно од секое решавање за Југохром, бидејќи постои сомнеж за можни корупциски импликацее и конфликт на интереси. Продажбата на електрична енергија на Југохром од страна на компанијата ЕДС, којашто беше во сопственост на Анѓушев, и фаткот дека поранешни вработени известуваат дека тој порано неколку месеци бил и генерален директор на Југохром, остава уште поголем простор за сомнение за конфликт на интереси и можна корупција, за што правните органи треба да извршат истрага. Ние бараме надгледување на процесот во фази, од независни експерти. Македонија е потписник и е обврзана да ја почитува Архусовата Конвенција за пристап кон информации, учеството на граѓаните во донесувањето одлуки и пристап кон правдата за прашања врзани со животната средина. Се прашуваме зошто Владата е вознемирена од надгледувањето на независни експерти, ако системот на филтрите за коишто Југохром се обврза да ги инсталира, ги исполува бараните стандарди. Затоа, без ригорозен надзор од независни експерти и убеденост дека граѓаните и децата од Тетово нема да бидат труени како во минатото, ние нема да го дозволиме отворањето на овој озлогласен убиец“, се вели во реакцијата на Еко Герила.
This post is also available in: Albanian