Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home АКТУЕЛНО

Кога ќе се направи големиот чекор за намалување на загаденоста?

30/11/2018
in АКТУЕЛНО, ЕКОЛОГИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Продолжуваат секојдневните „препукувања“ преку соопштенијата на политичките партии, а овој пат нивната главна тема е загадувањето во главниот град. 

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека граѓаните секојдневно ја плаќаат цената за загадениот воздух, а дека СДСМ не превзема ништо за да го реши проблемот, заборавајќи дека тие го правеа истото и дека за нив тој проблем не постоеше.

„Додека во Собрание се дискутира за овој проблем,  Шилегов и  Макрадули сметаат дека е подобро да си играат играчки на мобилен или да си дремнат, затоа што за нив не е важно здравјето на граѓаните. Ветуваа итни мерки за почист воздух, а две години не видовме ниту една мерка.  Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ излезе со препораки за подобрување на состојбите. Болниците се преполни со пациенти кои секојдневно имаат проблеми со кардиоваскуларните и респираторните органи, затоа ВМРО-ДПМНЕ предлага целосна бесплатна заштита на сите граѓани каде е констатирано дека причината е загадувањето, со особено внимание на децата и хронично болните. Бидејќи загаденоста е алармантна повеќе од 6 месеци во годината, сметаме дека финансиите кои граѓаните ги издвојуваат за лекување се голем товар за нивните семејни буџети во ситуација кога трошоците за се друго во државава стануваат поголеми“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму сметаа дека СДСМ и Заев се неспособни да се справат со загадувањето и да ја напуштат власта и да ја остават на некој друг да го реши овој проблем.

Од другата страна, „обвинетите“ СДСМ велат дека долгогодишната, децениска негрижа за животната средина и игнорирањето на проблемот со загадувањето од страна на ВМРО-ДПМНЕ придонесе Скопје да стане еден од најзагадените градови во Европа.

Тие велат дека новата градска власт предводена од СДСМ и државните институции решавањето на проблемот со аерозагадувањето го поставиле на врвот на приоритетитет, но како што сме ние сведоци секојдневно, граѓан(к)ите сè уште не можат да го почувствуваат тоа.

„За таа цел, континуирано се преземаат низа мерки на краток, долг и среден рок, за решавање на долгогодишниот проблем со загадувањето. Покрај мерките што ги преземаат државните институции и градот Скопје презема континуирани мерки за намалување на загаденоста. Зазеленувањето е дел од есенската акција на Град Скопје кадешто ќе бидат засадени околу 3.500 садници. Најфреквентната сообраќајница во Скопје, на Бит-пазар веќе е засаден нов дрворед од 40 висококвалитетни садници јасен, со што овој простор некогаш познат по сообраќајниот хаос, добива ново зеленило и пешачки простор. Се чисти и коритото на реката Серава од кал, песок, ѓубре и комунален отпад со што продолжува акцијата за чистење на коритата и каналите во Скопје. Во изминатиот период на територија на градот расчистени се над 350 диви депонии, воведено е рачно миење на градските булевари и улици, а во училиштата се поставуваат прочистувачи на воздух. Истовремено, обезбедени се средства за набавка на 40 нови еколошки автобуси што треба да заменат дел од старите и нееколошки автобуси на Јавното сообраќајно претпријатие“, стои во соопштението на СДСМ. 

На обичниот граѓанин му останува да се запрашува до кога големите партии ќе си ја префрлаат вината за загадувањето, а кога ќе почнат да се превземаат посериозни мерки за овој голем проблем, не само во Скопје, туку на територијата на цела држава.

А. Петровска

CIVICA
govor
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW