Тимот на ЦИВИЛ – Центар за слобода, вчера ги посети општините Лозово, Свети Николе и Велес во рамки на проектот „Зелена иднина“, кој организацијата го спроведува во соработка со Хајнрих Бел – Сараево.
Целта на овој проект е подобрување на јавната перцепција и знаењето за концептот на општество кое ги негува зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот.
На инфо-штандовите на ЦИВИЛ граѓаните и граѓанките имаа можност да се запознаат со поврзаноста на овие три елементи, кои се предуслов за општество кое се стреми кон демократски вредности и напредок базиран на грижата за околината и иднината.
Тие исто така имаа можност активно да се вклучат преку испраќање на пораки до локалната и централната власт, да разменат мислења, ставови и информации, слободно и без ограничувања за темите од областа на социјалната правда, зелените иницијативи и антинационализмот.
Она што е важно за овој проект е фактот дека граѓанките и граѓаните имаат право и можност да ги променат состојбите во општеството.
М. Ивановска
фотографии: Тимот на ЦИВИЛ