Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home АКТУЕЛНО

„Бел документ“ за развој и планирање на одржлива урбана мобилност во градовите

20/09/2019
in АКТУЕЛНО
„Бел документ“ за развој и планирање на одржлива урбана мобилност во градовите
Share on FacebookShare on Twitter

Заштита на животната средина преку унапредување на транспортните и урбани решенија кои ги нудат градовите и прелевање на мерките од локално ниво на национално ниво со вклучување на потребата од одржлива урбаната мобилност во правната рамка и правилниците на институциите, се препораките од „Белиот документ“ за развој и планирање на одржливата урбана мобилност, што денеска беше претставен на собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија.

Документот има за цел поттикнување на делувањето на сите нивоа на владеење за потребата од нов интеграциски пристап за подготовка на подобри планови и поуспешни градови и релокација на уличниот простор за одржлив начин на превоз.

Претседателката на комисијата Лилјана Затуроска, истакна дека Собранието активно ги следи случувањата на оваа тема, која е од особена важност за граѓаните.

– Урбаната мобилност е основата на која лежат заштитата на животната средина, здравите навики и нивното поврзување како на општинско, така и на државно ниво. За да се следи овој тренд, основен предуслов е да се решваат проблемите со мобилноста на населението во градовите, уредувањето и реорганизацијата на градскиот простор, со посебен осврт на сообраќајните проблеми, редизајнот на уличната мрежа и простор, изјави Затуроска.

Според Самир Мемедов од ГИЗ во последните три месеци, преку капацитетите на отворениот регионален фонд за енергетска ефикасност, се изработени пет општински анализи за урбана мобилност и демонстративни мерки кои треба да резултираат со изградба на соларни дрва, велосипедски патеки и паркинзи за велосипеди.

– Последнава година направивме исчекор напред во обезбедување услови за дел од општините да работат на оваа агенда во текот на целата година, а не само во текот на овие седум дена од Европската недела на мобилност, изјави Мемедов.

Професорката на Факултетот за технички науки, Јасмина Буневска-Талевска, нагласува дека „Белиот документ“ претставува пресек на тоа што се случува во развиените држави и она што е постојна состојба во нашата земја и треба да послужи како појдовна точка, основа со која нашата земја ќе заземе правец кон имплементирање на планирањето и проектирањето на одржливата урбана мобилност.

– Вревен предизвик е да промовираме дека планирањето на одржлива урбана мобилност на локално ниво претставува алатка со која општините ќе може да го подигнат процесот на управување во областа на урбанизмот и сообраќајот и да се приближат кон граѓаните и да ги издигнат на повиоск економски, еколошки и социјален ранг, изјави Буневска.

Како останати предизвици според документот, посочи Буневска, е зголемување на културата

„Белиот документ“ е изработен од Центарот за истражување и креирање политики ЦИКП Скопје, во соработка со ГИЗ – Отворениот регионален фонд за Југоисточна Европа за енергетска ефикасност, а во рамки на проектот „Регионална соработка и развој на вештините на пратениците во Југоисточна Европа за теми поврзани со одржливата урбана мобилност. / МИА

CIVICA
govor
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW