ЦИВИЛ спроведе анкета меѓу граѓанките и граѓаните во Струга на прашањето: Каква иднина имаме, зелена или црна? Осбено, во однос на заштитата на животната средина, екологијата и просперитетот на државата.
Жителите на Струга не се многу оптимистични дека не очекува зелена иднина, а во контекст на екологијата сметаат дека локалните власти не се грижат доволно.
„Не знам што да кажам. Не сум оптимист дека ќе има хароминија. Се надевам дека ќе биде подобро, но…“, смета еден граѓанин.
„Сама младина во Струга кажува каква иднина не чека. Сега имаа 60 % помалку млади. За кого власта да чисти кога нема луѓе, нема кој? Чистотата е нула“, констатира друг граѓанин.
„Зелена, ние заслужуваме таква. Системот прави да биде црна“, смета еден од анкетираните граѓани.
„Црна и тоа катран. Сиромештија голема, немаме добро раководство на државата. Локаната власт не се грижи за ништо. Дримот е само кал, треба да се одржува, Струа е туристичко место, а не да седат по фотелји“, разочарано одговара друг граѓанин.
Анкетата е дел од проектот „Зелена иднина“ кој ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Хајнрих Бел од Сараево.
Биљана Јордановска
камера и монтажа: Ариан Мехмети
фотографија: Горан Наумовски
This post is also available in: English