Битолчани, наспроти сите проблеми што ги имаат со аерозагдувањето, сепак, сметаат дека земјата ја очекува зелена иднина.
Граѓанките и граѓаните одговараа на прашањето на ЦИВИЛ каква иднина нè очекува, црна или зелена, како се грижи локалната самоуправа и државата за заштита на животната средина.
„Јас сум непоправлив оптимист. Тоа е вечна борба меѓу човекот и природата… Кога човекот ќе ги стави страстите под контрола сè ќе биде во ред“, смета еден битолчанец.
„Сакам зелена иднина. Меѓутоа не знаеме што ќе биде. Во незивесност сум. НИкој не знае што ќе биде. Се трудат и екологистите и медиумите. Постојано се зборува на оваа тема, ама до народот е. Тој уништува“, смета една битолчанка.
„Ги воспитуваме децата, се воспитуваме ние аде да се фрла отпадок, да се рециклира… сепак, зависи од културата на секој и неговото домашно воспитување“, смета една граѓанка.
„Зелените вредности тешко се апсорбираат овде. До свеста на граѓаните е, таа е на многу ниско ниво. Вината е првин во народот, а потоа во политичарите“, смета дргу граѓанин.
Биљана Јордановска
Камера: Ариан Мехмети