Секоја година, веќе 50 години, на 22 април се одбележува Светскиот ден на планетата Земја.
Оваа година темата за Денот на планетата Земја е климатското дејствување. Огромen предизвик, но и огромни можности на дејствување со оглед дека климатските промени претставуваат најголем предизвик за иднината на човештвото и системите за поддршка на животот што го прават нашиот свет за живеење.
Во нашата земја денеска нуркачите од нуркачкиот центар Амфора се приклучија кон оваа глобална иницијатива во одбележување на Денот на планетата Земја со чистење на дното на езерото кај Музејот на вода, ГрадиштеНа крајот на 2020 година се очекува да се зголемат национални обврски на секоја држава кон Парискиот договор за климатски промени во 2015 година и да се повикаат граѓаните на поголема глобална амбиција за решавање на климатска криза. На тој начин нема да се изложат сегашните и идните генерации на опасностите што престојат доколку не се заштити планетата Земја.
Денот на Земјата 2020 година е историски момент кога граѓаните на светот се креваат во обединет повик за креативност, иновации, амбиција и храброст за надминување на климатска криза и да се искористат огромните можности за иднина на нулта јаглерод.
На 22 април 1970 година, 20 милиони Американци – 10% од американското население во тоа време – излегоа на улиците, универзитетите во кампусите и стотици градови во знак на протест против негрижата за животната средина и барање за решенија што ќе ја заштитат планета.
Денот започнал со бран на активности, вклучувајќи го и усвојувањето на значајни закони за животната средина во САД. Актите за чист воздух, чиста вода и загрозени видови се создадени како одговор на првиот ден на Земјата во 1970 година, како и создавање на Агенцијата за заштита на животната средина (ЕПА). Многу земји наскоро усвоија слични закони.
Денот на Земјата продолжува да има големо меѓународно значење: Во 2016 година, Обединетите нации го одбраа како ден кога беше ставен во сила историскиот договор во Париз за климатските промени.
Оваа година на денот на Земјата со оглед дека корона вирусот не присилува да држиме растојание, се упатува повик дека не може да присили да не се биде гласен и да не се искористат дигиталните алатки и медиуми во настојување на промена во нашите животи и навики со цел промена на светот кон подобро место за живеење.
Во текот на 24 часа од денот на планетата Земја, за одбележување на 50 годишнината секој може да се приклучи на глобални разговори, повици за акција, изведби, предавања, дискусии за живеење, глобален дигитален напредок и 24 часови активности што можат да се преземат, токму сега и од било кое место на планетата Земја.
„Напредокот е бавен, влијанието на климатските промени расте, а нашите противници станаа подобро финансирани. Се наоѓаме денес во свет кој се соочува со глобални закани кои бараат унифициран глобален одговор. За Денот на планетата Земја 2020 година, ние ќе изградиме нова генерација активисти за животна средина, ангажирајќи милиони луѓе низ целиот свет“, вели претседателката на Глобалната мрежа на Денот на Земјата, Кетлин Роџерс.
Сите што сакаат активно да се вклучат во живо и да придонесат можат да се приклучат на следниот линк: https://www.earthday.org/earth-day-live/
Фондацијата Отворено општество соопшти денеска дека ќе обезбеди над 16 милиони долари за поддршка на итни климатски кризни приоритети поврзани во пандемијата од Ковид-19, со фокус за унапредување на „зелените“ економски стимулативни планови и стопирање на авторитарните напори за враќање на прогресот на животната средина.