Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home АКТУЕЛНО

ЦИВИЛ повторно мета на говор на омраза – поттик за уште пожестоко разобличување на лажните вести и говорот на омраза

26/07/2020
in АКТУЕЛНО
Прес конференција на ЦИВИЛ во пресрет на Меѓународниот ден на човековите права и 20-годишнината од основањето на ЦИВИЛ
Share on FacebookShare on Twitter

Очигледно нападите кон ЦИВИЛ не стивнуваат, а разоткривањето на говорот на омраза во изборен контекст ја постигнува својата цел. Ако направиме преглед во овој изборен период колку, и за што беше нападнат ЦИВИЛ, ќе видиме дека истите структури и ширачи на говор на омраза облетуваат околу вестите што разобличуваат говор на омраза.

Коментари на веста: Во „теовел“ омразата се приклучи и Антонио Милошоски

На веста што ЦИВИЛ ја објави под наслов „Во „теовел“ омразата се приклучи и Антонио Милошоски“ и ја објави на Фејсбук страницата на ЦИВИЛ (CIVIL MK), се појавија низа коментари со говор на омраза. Во коментарите се обвинува организацијата дека мрази Македонци, дека се нацисти и дека Господ ќе ја казни организацијата, се разбира, со заканувачки коментари дека тие знаат кој ја финансира организацијата и за што.

Како потсетување, доколку некого го интересираат финанисиите на организацијата, слободно можат да ја посетат веб страницата на организацијата civil.org.mk .

До сега ЦИВИЛ и поедини членови на организацијата беа неколку пати мета на говор на омраза, а седиштето на ЦИВИЛ беше вандализирано преку навредливи и заканувачки пораки.

Реакции и говор на омраза кон ЦИВИЛ имаше и по објавата на веста „Говор на омраза и закана за активистот Ненад Јовановиќ“,  „Мицкоски на партиски собир повторно ги прекршува мерките и препораките!“, а не изостанаа и на колумната на Сашо Орданоски „До победата и по неа“ објавена на ЦИВИЛ Медиа. И ова се само мал дел од содржините кои од моментот кога ЦИВИЛ започна со секојдневно разбличување на лажните вести и говорот на омраза, беа подложени на недолични коментари од одредени личности и структури, како и од лажни профили.

Коментари на колумната на Сашо Орданоски

 

Ваквите секојдневни случувања уште повеќе ја охрабруваат организацијата пожестоко да се бори против лажните вести, дезинформациите, говорот на омраза и дела од омраза.

Мониторинг тимот на ЦИВИЛ секојдневно детектира и архивира содржини со говор на омраза и дел од тие ги објавувва на својата медумска платформа. ЦИВИЛ ги повикува надлежните институции да се ангажираат максимално во спречувањето на ширење на говор на омраза, и да ги санкционира соодветно. Говорот на омраза во едно цивилизирано општество никако не треба да биде дозволено, и треба да се искорени. Од говорот на омраза лесно се преминува на дела од омраза.

Мониторинг тим на ЦИВИЛ

CIVICA
govor
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW