Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home АКТУЕЛНО

Климатските промени раселија 10 милиони луѓе низ светот за шест месеци

17/03/2021
in АКТУЕЛНО, ЕКОЛОГИЈА
Како од песимизам до зелено општество
Share on FacebookShare on Twitter

Поради природни катастрофи, како што се поплави и суши, предизвикани од климатските промени во последните шест месеци се раселени 10,3 милиони луѓе, од кои повеќето се во Азија, соопшти хуманитарна организација.

Меѓународната федерација на друштвата на Црвениот крст и Црвената полумесечина (IFRC) објави дека 2,3 милиони луѓе се раселени поради конфликти во истиот период, што укажува дека повеќето внатрешни раселувања се предизвикани од климатските промени.

Иако податоците опфаќаат само шест месечен период од септември 2020 до февруари 2021 година, тие го покажуваат растечкиот глобален тренд на раселување поради климатските промени.

Климатските промени ги влошуваат постојните фактори како што се сиромаштијата, конфликтите и политичката нестабилност.

Шеесет отсто од внатрешните раселувања во изминатите шест месеци се во Азија.

Статистичките податоци од Центарот за следење на внатрешното раселување покажуваат дека просечно 22,7 милиони луѓе се принудени да ги напуштат своите домови годишно. Оваа бројка, исто така, вклучува луѓе засегнати од геофизички феномени како што се земјотреси и вулкански ерупции, но повеќето се од метеоролошки појави.

Во светот се раселени 17,2 милиони луѓе во 2018 година и 24,9 милиони во 2019 година. Податоците за 2020 година сè уште не се објавени, но до средината на годината 9,8 милиони се раселени поради природни катастрофи.

Повеќе од една милијарда луѓе се очекува да бидат принудени да ги напуштат своите домови до 2050 година поради конфликти и еколошки фактори, се наведува во минатогодишниот извештај на Институтот за економија и мир./МИА/

CIVICA
govor
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW