Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home АКТУЕЛНО

Нуредини: Кочанската фабрика „Пејпер Мил“ ќе стартува со производство, кога ќе ги исполни обврските

26/03/2021
in АКТУЕЛНО, ЕКОЛОГИЈА
Нуредини: Со прогласување на Шар Планина и Осоговските Планини за заштитени подрачја бенефит ќе има и државата
Share on FacebookShare on Twitter

Фабриката за хартија „Пејпер Мил“ во Кочани ќе стартува со производството, само доколку ги исполни условите кои им се дадени, порача денеска од Штип,  министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини.

Последниот инспекциски надзор пред два месеца од Државниот инспекторат за животна средина покажа дека гасовите кои излегуваат од фабричкиот оџак на кочански „Пејпер Мил“ ги имаат надминато  граничните вредности на прашина и  и јаглероден моноксид. Поради тоа Државниот инспекторат за животна средина и наложи на кочанската фабрика за хартија да работи само на плин и да престане да го користи котелот за пелети, како и да  се постави нов филтер и загадувањето да се намали под граничните вредности. Раководството на бугарската фабрика за хартија, кон средината на јануари, оваа година  одлучи производството да се прекине, а ќе стартува кога ќе се постави филтерот.

Прашан за реакциите на жителите на Кочани и Пробиштип за изградба на мини хидроцентрали на реките Мала Река и Шталковица, Нуредини со одговор дека ги слушаат реакциите на граѓаните.

„Ние како Влада треба да ги почитуваме договорите, кои се потпишани во минатото. Градоначалникот треба да седне заедно со граѓаните и да ги разгледа, уште еднаш овие прашања и да ни пратат ново мислење, доколку има поинакво мислење, тогаш ќе седнеме и ние ќе го смениме и нашето решение“, вели Нуредини.

Основното јавно обвинителство од Кочани покрена постапка за постапката околу хидроцентралата на Мала Река. Градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев вчера истакна дека целата документација која се бара од нив ќе биде доставена до обвинителството и смета дека иницијативата на невладините организации за референдум е легитимна. Локалната власт и граѓаните за изградбата на оваа мини хидроцентрала дознаа  лани во септември, откако инвеститорот почна со сечење на дрвјата на местото каде ќе биде овој објект.

CIVICA
govor
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW