Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home АКТУЕЛНО

Зелен поимник: Кои се зелените вредности?

28/05/2022
in АКТУЕЛНО, ЕДУКАЦИЈА, ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
Зелен поимник: Кои се зелените вредности?
Share on FacebookShare on Twitter

Зелените вредности се посебни вредности, кои упатуваат на тоа како да се води квалитетен и добар живот во согласност со природата, во амбиент на демократско општество и ненасилство. Кои се новите зелени вредности, како е дојдено до нив и што претставуваат тие?

подготви: НАТАША МАЛИНКА МИНОВСКА

Вредностите во едно општество, претставуваат цивилизациска и културолошка придобивка, кои може да се дефинираат како позитивен однос кон идеите од поширок општествен интерес, кој пак, се искажува низ подготвеноста за остварување и одржување на тие идеи.

 

Во својот животен век, човекот постојано воспоставува определени односи со зaедницата и околината во која суштествува. Она што влијае врз начинот на неговото однесување е најопштото верување – вредност – за тоа што е добро, посакувано, корисно, односно за тоа што е непосакувано и недопустливо.

Во определен период, при развојот на модерните општества и цивилизации, со човековата самореализација изразена низ доминација, искористување и покорување на природата, стануваат видливи првите еколошки кризи.

Преку препознавање на еколошките проблеми и преиспитувањето во некои општества, во шеесеттите години од минатиот век, главно поради недостаток на можности за делување преку институциите, започнуваат бројни еколошки движења.

Тие, преку јавноста, го поставуваат на дневен ред прашањето на животот (и тоа не само човековиот) и животната средина, подигнувајќи ја еколошката свест на повисоко ниво, со промовирање и воведување на нови димензии во општественото однесување и создавање јавна свест, но и притисок кон институциите, приватниот сектор и други актери за подобрување на нивната работа во овој домен.

Еко-протести во Денвер, 1970, извор: Rocky Mountains News

За оживотворување на холистички (сеопфатен) пристап во процесот на мислење и акција, се јавила и потребата од втемелување и промовирање на  новите, зелени вредности  и стратегии:

  • Почитување на човековото достоинство и човековите права
  • Слобода
  • Демократија
  • Еднаквост
  • Владеење на правото
  • Антидискриминација
  • Социјална и еколошка правда
  • Трансформација на општеството во корист на сите
  • Економска, социјална и еколошка благосостојба
  • Негување на разновидноста на природниот свет

Зелените вредности се посебни вредности, кои упатуваат на тоа како да се води квалитетен и добар живот во согласност со природата, во амбиент на демократско општество и ненасилство.

За реализација на посакуваниот квалитетен живот, граѓанките и граѓаните имаат должност и одговорност во однос на давањето на сопствен придонес, во заложбите против кршење на правата, сиромаштијата, насилството, корупцијата, загадувањето, злоупотребите, дискриминацијата, екстремизмот, лошите политики и практики, градењето и унапредувањето на демократските процеси, но и право на слободно, праведно и здраво општество.

Граѓанките и граѓаните имаат граѓански права, но и морална и граѓанска обврска да учествуваат во грижата за зачувување на природниот свет и природните ресурси, да настојуваат државата да се ориентира кон обновливи извори на енергија и создавање правни рамки за зелена економија и здрава животна средина.

 

Линкови:

https://www.greenpeace.org/international/explore/about/values

https://civilmedia.mk/wp-content/uploads/Green

https://en.wikipedia.org/wiki/Green_politics

file:///C:/Users/namin/Downloads/Galic_1_2_2002.pdf

https://hrcak.srce.hr/139456

 

CIVICA
govor
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW