Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home АКТУЕЛНО

Зелен поимник: Што е еколошка свест?

28/05/2022
in АКТУЕЛНО, ЕДУКАЦИЈА, ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
Зелен поимник: Што е еколошка свест?
Share on FacebookShare on Twitter

„Природата е неисцрпно одржлива ако се грижиме за неа. Нашата универзална одговоеност е да им ја пренесеме Земјата здрава на идните генерации“- Силви Долсон

„Природата е неисцрпно одржлива ако се грижиме за неа. Нашата универзална одговоеност е да им ја пренесеме Земјата здрава на идните генерации“- Силви Долсон

подготви: Наташа Малинка Миновска

Во минатото се сметало дека природата е неисцрпен извор на богатство, а моќта на човековиот ум ја определувала неговата способност да ја потчини и присвои неа. Односот на поединецот и општеството кон животната средина, кој скоро две столетија се темелел врз антропоцентризам, доведува до низа глобални, регионални и локални еколошки проблеми, кои кулминираат со еколошка криза. Како резултат на настанатата реалност, суштински се менува претходниот дискурс, и почнува да се поттикнува развитокот на еколошката свест.

Денес се бара нов пристап во општествениот развој и развивањето на одговорноста кај поединците и општествените заедници, за заштита и зачувување на животната средина.

Еколошката свест произлегува од емпириското (искуственото) знаење, но се јавува и како резултат на емпириските истражувања. Таа не вклучува само сознанија за промените во природата  (предизвикани од човековата активност), туку и знаења за можните начини на решавање на еколошките проблеми и еколошката криза.

Настанувајќи во обид да се заштити животната средина, еколошката свест претставува критика за еколошката состојба, но, и сознание за потребата за заштита на животната средина од понатамошно уништување.

Таа претставува и историска категорија, бидејќи се појавува во определен период  од  развитокот  на општествените односи кон природата.

Свесноста за животната средина подразбира подготвеност на поединци, социјални групи и организации, активно да се вклучат во нејзината заштита. Да се биде еколошки свесен, значи навреме да се лоцира проблемот во животната средина, да се размислува креативно за неговото решение и да се има претходно знаење за природата.

Еколошката свест е различно дефинирана, и зависи од определени теоретски, односно филозофски пристапи. Накратко, таа се дефинира како свест за животната средина, која се состои од сфаќања, однесувања, мотивации, дејства, желби и очекувања за човековата природна, животна средина.

Еколошката свест претпоставува: сознанија за ограниченоста  на природата (на која интегрален дел е човекот), сознанија за причините кои водат до еколошка криза и нејзина глобализација, сознанија за неопходноста од укинување на човековата доминација над природата и воспоставување динамична рамнотежа помеѓу природниот и општествениот систем, свесност за глобалниот карактер на еколошката криза и можните решенија, свесност за потребата од глобална стратегија за социјален развој во сите негови домени (образовни, политички, културни, индустриски, економски), како и свесност за постоењето на општествените сили што можат да донесат реформи.

Еколошките вредности и однесување, сознанијата и ставовите за животната средина, претставуваат компоненти на еколошката свест. Таа содржи и неколку димензии (аспекти): теоретска димензија (научно мислење), вредносна димензија (цели), социјална димензија (идеја за нова заедница), историска димензија (можности), политичка димензија и субјективна димензија (претпоставки, верувања и желби).

За подигање на нивото на еклошката свест и нејзиното понатамошно обликување, потребно е најшироко и континуирано информирање преку медиуми (пишани и електронски), трибини, стручна литература, еколошки активизам на невладините и владините организации, како и преку формално и неформално образование, почнувајќи од најрана возраст.

 

Линкови и извори:

https://www.b92.net/zivot/nauka.php?nav_id=408843

https://sh.wikipedia.org/wiki/Ekolo%C5%A1ka_svest

https://www.vesti.rs/Zivot/Ekoloska-svest-2.html

https://zapisanosvetlom.wordpress.com/2015/01/29/ekoloska-svest/

https://www.ekologija.com.hr/koliko-smo-ekoloski-osvijesteni/

https://ouniverzitet.wordpress.com/2014/03/06/sanja-trifunovic-i-milica-batricevic-ekoloska-svest-pojedinca/

https://www.astronomija.org.rs/ivot/2628-ekoloka-svest

https://odbranaibezbednost.rs/2020/08/06/da-li-smo-ekoloski-svesni/

https://prezi.com/7gakqzuwbddr/kultura-zivljenja-ekoloska-kultura/

 

CIVICA
govor
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW