Зелената агенда високо котира во поглед на приоритетите на Северна Македонија и незјзините аспирации за членство во ЕУ. Напорите да се надминат главните препреки од економски и енергетски аспект, да се воспоставават конечно темелите за управување со отпадот, транзицијата кон обновливите извори, вложувањето во транформацијата на економијата во циркуларна економија, е навистина предизвик.
Искуствата на земјите од Западен Балкан покажуваат дека циркуларната економија сè уште го бара својот пат низ каналите на политичката волја и заинтересираност да се види како концепт за зелена иднина.
Токму на оваа тема, одбележувајќи ја Неделата на циркуларна економија, зборуваа Астрит Истрефи, извршен директор на Балкан Форум, Косово, Селена Агатоновиќ од Иницијативата за правата на младите, Србија, Самир Бехариќ од БиХ и Газменд Берлајоли од Косово, Балкан Форум.
Како учесници на а конференцијата на ЦИВИЛ „Визии за зелена иднина: Партнерство за циркуларност“ во втората сесија „Неделата на циркуларна економија на Западен Балкан – Регионални искуства“, Истрефи, Агатоновиќ, Бехариќ и Берлајоли укажаа на предизвиците, но и придобивките што досега ги искусиле применуваќи ги начелата и принципите на циркуларна економија.
Овој настан беше дел од големата регионална иницијатива за одбележување на Неделата на циркуларна економија на Западен Балкан (22-26 мај 2023) под мотото „Партнерство за циркуларност“ што го спроведува регионалната мрежа ЛогЕкс, на иницијатива на угледната тинк-тенк организација Балкан Форум од Косово, а со поддршка од Rockefeller Brothers Fund од САД.
камера: Александар Ризински
монтажа: Ариан Мехмети