Спектакуларниот скопски концерт на Караванот на слободата е објавен на Јутјуб

Завршниот концерт на Караванот на слободата се одржа на 1 октомври на Јадран сквер во Скопје. Пред скопјани на сцената се претставија Кристина Арнаудова, Бени и Нон Стоп, Лилит и Амон Мра, Мугер Фугер, Тони Зен и Шутка Рома Рап.

14468481_1829924817222865_1535123993489063587_o

Нивните целосни настапи се достапни на  YouTube каналот на ЦИВИЛ – Центар за слобода. На овој начин, сите љубители на добрата музика и сите борци за слобода, ќе имаат можност да ја проследат атмосферата во која имаше можност да ужива скопската публика.

14468593_1829924093889604_6970706940551354590_o

ЦИВИЛ – Центар за слобода континуирано ги објавува видео-записите од сите концерти, поетски перформанси, работилници и дебати на Караванот на слободата, кој започна во август да ја крстосува Македонија, промовирајќи ги човековите права и слободи и активното учество на граѓаните во процесите на донесување одлуки.

 

Green CIVIL

FREE
VIEW