Оваа жена питачи за да преживее, пред ѕидот излепен со изборни плакати од Влатко Ѓорчев, носител на листата од ВМРО-ДПМНЕ во Шеста изборна единица, кој кампањата ја води под мотото „Знаеш што е подобро!“.
„Подобро? Зарем имало подобро? Питачам за леб, за да преживеам. Кога сум болна, се виткам во еден ќош, потоа Бог, ако рече ќе преживеам…!“-вели оваа жена, која го избрала питачењето како единствен начин за живот за сите 35 години во Македонија, откако во виорот на војната во 1991 год. избегала од Косово.
ВМРО-ДПМНЕ пред 5 години вети жестока битка со питачењето, но вети и згрижување на сите граѓан(к)и кои смрзнуваат по улиците, на сите бездомници. Од големите ветувања, не останаа ни текстовите во владините портали. Граѓаните кои питачат, сиромашните, обесправени луѓе оваа власт ги користи само како инструмент за што повеќе освојување гласови за време на избори. Според нивните изјави на денот на изборите, им се делат пакети со храна и им се ветуваат подобри услови за живот, а потоа никој, не се сеќава на нив.
Моника Талеска