Марш на црвените чадори во Скопје

 

Во сабота (17.12.2016) точно на пладне, на платото пред спомен куќата на Мајка Тереза во Скопје, ќе се одржи Маршот на црвените чадори,по повод меѓународниот ден за „СТОП на насилството врз сексуалните работници“.

15497605_1444336918927820_707368861_n

 

Вообичаено со црвени чадори – глобалниот симбол на сексуалната работа, ќе маршираат сексуални работници, стриптизети и стриптизери, хот лајн операторки, ескорт девојки и момци, корисници на нивните услуги, активисти за човекови права и нивни поддржувачи.

„Со овој настан би сакале да ја подигнеме јавната свест за постоењето на голем број сексуални работници во Македонија и да ја потенцираме застрашувачката состојба за безбедноста и супстандардните услови во кои што, тие живеат и работат. Сексуалните работници остануваат меѓу најмаргинализираните членови на општеството. Креаторите на политики и властите повеќе ги сметаат за непријатна појава, што треба да се искорени или за неморални прекршители на законот, отколку за индивидуи, кои треба да бидат заштитени од насилство и кои треба да добиваат социјална и економска помош и поддршка“, соопштуваат од граѓанската иницијатива за заштита, промоција и унапредување на правата на сексуалните работници „СТАР-СТАР“ од Скопје.

Маршот се одржува деветта година по ред, овој пат под слоганот „Слободниот избор е право, а не привилегија”.

„Сето ова влијае на достоинството и човековите права, сексуалните работници ги доведува до состојба на постојана закана, како резултат на општествената негативна перцепција, што води кон зголемување на насилството и стигматизацијата, создавање недоверба кон институциите, маргинализација и создавање на социјално ранлива група. Сексуалните работници, обесхрабрени да ги пријават делата од омраза, извршени врз нив, остануваат жртви на системот. А, сторителите на кривичните дела врз нив продолжуваат да ја уживаат слободата, која им ја пружа системот“, велат од „СТАР-СТАР“.

Маршот е со цел да се истакне потребата од итна и поголема инволвираност на сите засегнати страни, со цел прашањето за сексуалната работа да стане дел од политичката и јавна агенда. Ова не само како здравствен, туку и како проблем поврзан со трудот и човековите права.

 

 

Green CIVIL

FREE
VIEW